Дедо Панте побегна од градот и живее во пештера, а сега најголема желба му е да се вакцинира

  • By klaster1
  • мај 13, 2021
  • 0
  • 1963 Прегледи

Седумдесет и едно годишниот Панта Петровиќ од Пировац „пребегна“ од цивилизацијата и сите нејзини достигнувања.

Со години, овој човек од Пировац, кој меѓу своите сограѓани е познат како одличен занаетчија што познава голем број занаети, живее во куќа на дрвја во лето, а во зима во пештера, на неколку километри од градот, во кањонот на Градажничка река.

Панта минал низ сè во животот, имал период кога имал многу пари, а последните години живее живот на „човек во пештера“, без струја, вода, телевизија а пак за интернет и иновации не станува збор.

Тој вели дека сега, кога живее скоро без денар, јаде на котел и преживува со социјално, тој вели е многу посреќен отколку кога имал многу пари.

-Кога имав пари, немав здравје, а сега, кога немам пари, се опоравив и живеам среќно. Кога имав многу пари, имав многу пријатели.

-Но бидејќи полека снемував пари, моите пријатели беа никој, па сега останав со животни, но и неколку вистински пријатели со кои минувам долги зимски ноќи во пештерата.

Имам пет-шест животни пријатели , живеам слободно во моето кралство со голем број домашни и диви животни. Јас чувам повеќе од десет кученца, неколку мачки, голем број кози, кокошки, а омилена ми е дивата свиња.

Се дружам со нив веќе три години. Најмногу сакам да се дружам со свињата која прибега и сега седиме заедно во пештерата.

Оттогаш, јас ја хранам и таа е мојата вистинска принцеза, таа дури јаде јаболко од моја уста – вели Панта за соседните медиуми.

Во време на пандемија, и кога човештвото се соочува со многу проблеми, ограничувања, и сменет ритам на живот, овој старец е свесен за опа сноста што ја носи епидемијата и сега има само една желба а тоа е да се вакцинира.

Благодарение на хуманите луѓе од хотелот „Стара планина“, неговата желба ќе биде исполнета, па затоа Панта ќе биде спроведен и вакциниран во најблискиот пункт.