Дедо Благојче од Скопје: Сум помогнал на многумина, но сега кога ми е потребан помош никаде ги нема

  • By klaster1
  • мај 30, 2021
  • 0
  • 4864 Прегледи

Благојче Тодевски од Скопје е осамен старец кој освен покрив над главата нема ништо друго, отфрлен е од се и од сите. Најтешко му е во студените месеци кога е премрзнат и прегладнет.

Дедо Благоја има 67 години по потекло е од Црешево, тој имал добро детство но на 18 години кога требал да се осамостојува започнува и неговите проблеми во животот.

Бор бата за егзистенција ќе го натера да смени неколку работи места, а нешто подоцна и да оформи свое семејство.

– Имав добро детство, ме чуваше татко ми, наполнив веќе 18 години и тогаш започнав да работам немаше што друго. Најрпво работев во комунално претпријатие, а потоа и во некој други места како обезбедување.

-1971 одлучувам да се оженам. Добиваме две деца со сопругата, едното Емилија а другото Перо. На почетокот одеше се како мед и млеко, вели Благоја.

– Но потоа започнаа проблемите, започнаа да и се мешаат од нејзина страна. И потоа јас увидов дека најдобро е да се разделиме секој на своја страна.

По првиот брак, Благоја не чекал долго, си пронашол нова жена со која одлучуваат да живеат заедно, но несогласувањата со нејзиниот син ќе го натераат да даде отказ од работата

и да го побара спасот на друго место, тој потоа ќе биде приморан да работи како општ работник во друга држава.

– Децата од првиот брак беше договорот да ми припаднат едно мене едно нејзе, но јас несакав да ги двојам. Реков или двете кај мене или двете кај тебе.

Се договоривме и двете деца да бидат кај неа. Со втората жена јас сеуште сум во брак, не сме разведени, имаме коректни односи, но поради синот нејзин, кој прави проблеми и неможе да ме поднесува, фативме по свој пат.

-Заминав да работам во Сутоморе, во Црна Гора, како општ работник, не се издржуваше овде, нејзиниот син неможеше да ме поднесува. Тој цело време пиеше, ми зборуваше секакви недолични работи, јас тоа неможев да го издржам и заминав.

– Оваа куќа каде што седам моментално нема струја и е во лоши услови. Пред неколку месеци паднав по скалите и си скр ишив неколку ребра и раката. Оневозможен сум да работам.

многу е тешко без примања. Сум помагал на многумина, но сега не сакаат да ми помогнат. Само ќерката доаѓа некојпат и ми донесувам чорба. Но често се случува да останам гладен и по два дена.

Никогаш не се надевав дека ќе дојдам до ова ,,дереџе,, Сега одам на терапии но немам за да ми опушти раката, но немам толку средства за да одам редовно.

-Јас не сум способен ниту да се иксапам ниту нешто слично. Секој ден ми е многу тежок, откако се пов редив една година не сум излегол надвор што се вели.

– Немам контакт со светот, едноставно си седам внатре и молчам. Најмногу ми се неопходни дрва за зимото, и се надевам на подобро утро, заклучува дедо Благоја за Срце на дланка