Девојче: Ја прашувам бабичката која продава на улица колку е буќет цвеќе, а таа со една реченица ми ги насолзи очите

  • By klaster3
  • октомври 14, 2022
  • 0
  • 371 Views

Интернетот е место каде што ќе се смеете и расположите, но и често ќе плачете поради приказни кои произлегуваат од обична средба, дури и ако таа се случила при поминување на улица.

Средбата на девојка со баба која продава цвеќиња на улица се споделува на социјалните мрежи и покажува дека за среќа е доволно и само малку.

Во време кога сите брзаме некаде со лицата залепени за екранот на телефонот, често ни недостасуваат сцените од улицата каде се наоѓаат најубавите приказни.

Една од овие приказни доаѓа од центарот на Белград, а заврши на страницата „Мој Белград“ и стана вирална. Објавата и средбата на анонимната девојка со бабата продавачка на цвеќе ја пренесуваме во целост.

„Денеска поминував покрај булеварот и од 26-та улица видов една баба која седи малку подолу од Правниот факултет и продава цвеќиња, автобусот стои, а јас ја гледам како вика на луѓето да и дадат нешто пари.

Ги држи тие мали букети, но никој не и обрнува внимание, се симнувам на следната станица, се враќам кај неа, поминувам и се враќам и прашувам… Бабо колку е еден букет? Таа вели: „Еве, овие три за 150 денари и баба да си оди дома“.

Велам не не, едно ми е доволно,повелете 150 денари. А таа толку многу сака да ми ги даде другите две, реков не не, оваа е навистина убава и доволно ми е. Фала дете мое, ти посакувам се најдобро на светот.

Бабата е толку прекрасна, премногу добра, со чисто срце, прекрасни очи и не многу запознаена со денешниот свет. Еден букет го продава за 25 денари.

Денеска многу ме тро гна реченицата ‘еве земи ги овие три за 150 и да си оди баба дома’, ја слушам и ги задржувам солзите да не почнат додека не го завршам разговорот. Навистина благородна баба која ми остави толку силен впечаток“.

„Боже, каква та га што на оваа возраст треба да трпи и да седи таму на студ по цел ден“, гласеше еден од коментарите под објавата, а многумина прашаа дали бабата се уште продава цвеќе на истото место за да и помогнат. Добрината е насекаде, понекогаш треба само малку да погледнете наоколу.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.