Џемаил Салијев од четири месеци живее по домови и по дом- семејства, денес тој има 19 години и собра храброст да раскаже низ што се поминал, побара помош за спас да не заврши на улица.
Тој иако ги познава своите родители не чуствува ништо кон нив, често ги обви нува што го создале, дете кое морало да созрее доста младо.
Но често и во домовите бил малтре тиран, спиел под отворено небо, храна знаел да не внесува и со недели при што бил принуден и да питачи.
А денес ова не среќно момче е пред уште еден голем предизвик, дали ќе се снајде за работа, дали ќе обезбеди пари за кирија или повторно ќе другарува со клупите во паркот ?
– На четири месеци сум оставен во дом. Татко ми доаѓал да ме посетува во почетокот, а мајка ми ја запознав дури на шест години.
– И тоа ја запознав како тетка, а една година подоцна ја запознав како моја мајка. До тогаш татко ми ја присилувал и не и давал да доаѓа кај мене.
– Мајка ми кажува една приказна, татко ми друга, но од тоа што можев да заклучам е дека причините биле финансиски, а тие на документ никогаш не биле заедно.
– Кога ми велат да кажам три збора за моето детство, јас им велам со еден збор се ќе кажам а тоа е ,,Пек ол” вели искрено Џемил пред камерите на ,,Срце на дланка”
– Во дом- семејството воопшто не е наивно и не е како од бајките како што се прикажува низ телевизија и слично. Таму се случуваше да ме бањаат со врела вода што човечко тело не може да го издржи.
– Ми даваа многу силни таблети што беа за возрасни луѓе, а јас ги примав само на мои седум години. На училиште често одев нате пан. Имам и белег кај веѓата што го носам цел живот.
– Не смеев да кажам никому, ова не се случуваше само со мене, туку и со другите во дом- семејството. Прв пат јавно зборувам за ова.
– После тие некој случувања можам да кажам дека на мене животот ми е уни штен. Немав на кого да се исплачам, па дури често се смеев. А тоа е знак дека длабоко во мене има многу солзи, вели ова храбро момче.
Џемо во последните месеци често бил на улица, со недели неизбањат, без храна, знае да преживее и без вода, но не знае што ќе прави кога ќе биде оставен сам на себе и ќе мора да се врати на улиците и парковите.
– Откако го напуштив дома, бидејќи тие веќе немаа одговорност за мене, заминав две недели кај мајка ми. Но за жал таму не бев третиран како свое дете, туку како некое си дете.
– Морав да заминам од таму, препуштен сам и без пари. Две недели поминав во паркови без храна 10 дена, со последните сили побарав леб од едно девојче, кое да не беше ќе завршев многу лошо.
– Мене договорот ми завршува за некој ден а потоа ќе одам на улица. Што ќе биде со мене не знам, нема да ми биде ниту прв пат да сум на улица.
– Сега и учам, четврта година сум средно но не знам како ќе завршам образование а притоа и на улица да бидам. Таму мора да питачиш, тоа за мене не е питачење туку барање за живот.
Доколку сакате да му помогнете на ова храбро младо момче да не заврши повторно на улица и да има основни услови за живот тоа може да го направите на трансакциската сметка 210- 0466453101-19