Спасот на Дарко од Скопје е само да не врне: Неговиот сосед во зградата му отворил голема работа

  • By admin
  • јуни 23, 2021
  • 0
  • 2621 Прегледи

Ова е станот на Дарко Стојановски чиј таван е на работ да се сру ши, флеки, влага, му вла – кога врне дождот ја пр обива електричната инсталација, пробива внатре па ни чадор не може да помогне, чарето е во кофите кои во станот ги има во сите големини.

Ова како што појаснува Стојановски настанло во 2016 година кога нивниот комшија Кирил Гајтановски започнал да ја кр ши плочата над нивниот стан предизвикувајќи ош тетување, како што вели Стојановски, на комплетната хидро, топлотна и звучна изолација.

Според Стојановски, најголемиот проблем започнал кога неговиот комшија посегнал по кровната тераса.. Сакајќи да го присвои цел простор ја нару шил статиката на целата зграда.

„Тие што тоа го правеле практично ја извадиле комплетната изолација на заедничкиот рамен кров, што би значело терацо плочки, подлога под терацо плочките, комплетната хидроизолација, термоизолација, падот за одведување на атмосферската вода до сифоните.

Не би сакал ова никому да се повтори во иднина. И е невозможно дури и да добијам одговор од инспекторот за домување во општина Центар дека па максималната ка зна за тоа е 300 евра што е бесмислено опа којзнае и дали ја изрекол.

Апелирам до одговорните, сериозно да превземат се што е во нивна надлежност за измена и дополнување на Законот за домување.“ – вели Дарко Стојановски станар во зградата кој се соочил со проблемите во неговиот стан поради зафатот на кровната тераса.

Градежните зафати на зградата се одвивале во очи надлежната институција – општина Центар. Управителот на зградата, инспекторатот за домување, секторот за домување во општина Центар како и Одделението за извршување и спроведување во секторот на урбанизам во општината -сите биле известени.

На 19.12.2018 година овластен градежен инспектор изготвил записник од состојбата на терен и издал Решение по кое се постапило дури на 21.12.2020 година. Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека морало да чекаат две години заради запазување на постапките.

„Тука е искористен рамниот кров и некој си направил надградба за да си добие деловен -станбен најчесто станбен просотор каде што планирајќи веројатно дека некаде во идно време ќе успеел на некој начин да го легализира.

Но општината со решение го запечатува тој објект, чека извесно време за да се расчистат сите правни дејства за да може потоа да го острани тој објект.

Така да од наша страна била завршена целата работа и целата штета сега што е направена, односно сите трошоци што се направени треба да ги плати односно надомести сдамиот инвеститор на т.н. Ди воградба.“ – вели градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

ТВ24 стапи во контакт со Кирил Гајтановски како најповикан, во првичниот телефонски разговор прифати да даде свое видување на проблемите кои настанале на сметка на неговите дивоградби, но по еден час се предомисли со изговор дека не сака неговото име да се спомене во овој прилог за да не си нашт ети, како што кажа, на су дските постапки кои се воделе.

Во меѓувреме, во станот на Стојановски и понатаму се води би тка за преживување после секоја најава за дожд.За овој случај информирани се голем број на институции.

Од народниот правобранител до судовите. Стојановски бара разрешница апелирајќи за итна санација на рамниот кров. Додека надлежните се сетат да реагираат на семејството му останува само да се моли на бога – за повеќе сонце, а помалку дождливи денови.

Управителот на зградата „Ваш Еко-Дом“ во која живее Дарко Стојановски во писмена изјава за ТВ24 тврдат дека го знаеле проблемот и дека постапувале.

Од фирмата „ Ваш Еко-Дом“ се децидни дека за цело време биле во постојана писмена и електронска комуникација како со Стојановски така и со неговиот адвокат, но и дека се запознати со проблемите од протекувањето на кровот врз станот на Дарко Стојановски и дека постапувале согласно Законот за домување.

„Ние како управител на станбениот објект, согласно член 27 од Законот за домување,к имаме обезбедено три понуди за решавање на проблемот со протекувањето, но се уште нема мнозинство согласност од сопствениците на посебни делови на наведениот станбен објект, за постапување по истото.“- велат од „Ваш Еко-Дом“ – управител Дооел Скопје.

Целата сторија може да ја проследите на ТВ24