Даниел од кумановско: Ни недостастува храна, најтешко ми е кога неможам да му обезбедам оброк на синот

  • By klaster2
  • мај 22, 2022
  • 0
  • 147 Views

Даниел Ангеловски од кумановско Драгоманце е самохран татко кој со крајни напори гледа да го исправи своето дете на прав пат и да му обезбеди пристоен живот.

Но тој нема услови за да го прати детето на училиште ниту услови за да го прехранува и да му обезбеди пристоен живот.

Даниел е човек со тешко минато, сиромашно живеел уште како дете, сиромаштијата ќе го остави без средно образование и неопходно да работи уште како мал за да му помогне на семејството.

Пред десетина години тој одлучува да се ожени и создаде семејство со Ирена, со неа ги има децата Кристијан и Софија, едни од најубавите моменти во неговиот живот.

Сепак Ирена одлучува да го остави сопругот а децата да ги разделат, па така денес таа е со ќерката а Даниел со својот син во кој живеат во многу ми зерни услови.

 

Во соба од едвај 10 квадрати и мебел уште од време на неговите родители. Тој едвај сврзува крај со крај, често е принуден детето да го остава само.

Оди работи и приватно само за да му купи леб на чедото. Тој пред некој период подигнал кредит за да купи овци за да мрдне во животот.

Но по заминувањето во вечност на татко му тој бил принуден да ги продаде. Денес само плаќа рати за кредитот а од плата не му останува ништо.

Најтешко му паѓа што не може да му обезбеди доволен оброк на своето дете и да му купи нешто што ќе посака. Синот е оди гладен на училиште и исмејуван.

Тешката ситуација најверојатно ќе придонесе сорпугата да го напушти, а децата да се разделат и да та жат еден по друг.

– Таа пред 5-6 години реши да замине кај мајка си, беше упорна во тоа, па така останавме сами со Кристијан, вели Даниел пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Пред некој ден му барав на тато овошен јогурт, се снајде некако и ми купи. Ми недостатсува мајка ми, би сакал и со неа да живеам, вели искрено малиот Кристијан.

Платата што ја зеам од минимални 15.000 денари, веднаш оди по извршители и кредити. Па автоматски тие остануваат без денар.

Тој мора да оди да работи приватно за да извади некој денар за да преживеат а малиот Кристијан иако толку мал мора да остане дома.

– Искрено најмногу ни недостасува храна, имало моменти и кога немам да му овозможам оброк, јас и последниот денар го давам за него, вели искрено Даниел.

Доколку сакате да му помогнете на овој храбар родител да го изведе своето дете на прав пат и да му овозможи многу работи тоа може да го направите на телефонскиот број 076 753 456 или на трансакциската сметка 270-7000314544.30

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *