Давид од Скопје: Себе си се сметам за ѕвезда, стајлингот на јавните личности е многу лош

  • By klaster1
  • мај 12, 2021
  • 0
  • 319 Прегледи

За да се издвоите потребен ви е стил, стилот дава можност да го проектирате својот идентитет. Модата од година на година, од ден на ден, трпи се поголеми изуми и пормени, стајлизни што се на граница на лудост и неверување.

Еден таков стил, кој нема да остане незабележан од секое око, негува и младиот скопјанец Давид Давидовски, тој себе си се нарекува најголемата драма во македонската мода, човек кој што сака да ги смени опшествените норми

Давид Давидовски најголемата драма во македонската мода, човек кој што сака да ги смени опшествените норми, кој се засновани кон дискриминација на луѓето.

– Јас имам свој стил, себе си се сметам за ѕвезда, имам некој планови и преговор за телевизиска кариера, со завршување на вирусот се надевам тоа ќе се оствари.

– Сакам да направам промени, но наидувам на пречки и сум оспоруван. Во нашата држава сите што сакаат да променат нешто, веднаш потоа ги снемува.

-Но јас знам дека доваѓаат моите 5 минути, дека доаѓа време на младите, и ќе се промени тоа застарено сфаќање.

Тој е појава сама по себе, лакирањето нокти, шминката и уникатниот стил е она по што е препознатлив.

-Јас тоа што си замислав во главата го креирам, реализирам, и излегувам на улица, коментарите од страна не ме додирнуваат, а ги има многу, од типот, ти си оваков, ти си онаков, со разни пцовки и вулгарности, ме исмејуваат. Јас се стремам тоа да го сменам.

– Треба да се облекува пристојно, а не како овие што излегоа на телевизија сега , ,,2 Бона,, и некој слични, чорапи до колена и некој си ранци, за жал сите млади се стремат кон тоа.

– На дневна база добивам безброј критики и коментари, од различен тип, како и на социјалните мрежи, но на некој од нив се смеам, и слободно можам да им кажам коментирајте, ,,хејтајте ме,,

-Слободно со тоа си ја покажувате вашата култура, но за помалку од една година тоа ќе се смени, вели категорично младиот Давид.

На прашање од водителката на ,, Бекстејџ” кој има добар стил и добро се облекува од македонскат естрада тој вели:

– Па еве на пример Лина Пејовска има добар стајлинг, навистина се разбира во мода, таа е скромно девојче,

-истотака добар стил има и Боби Павловски кој за мене е мојот омилен македонски пејач, Лила Филиповска морам да ја пофалам, истотака и Зоки Фафи.

Тој без влакна на јазикот удри и по македонските јавни личности.

– Еве сега за Велигден кога одевме во црква и баш ги видов актерките Катерина Шахпанска и Јана Стојановска, особено Јана која глумеше во многу познати филмови како македонски така и хрватски, и замислете таа се појави со скинати патики.

-Со многу грозна облека, уште по лоша шминка, а Катерина истотака многу лош стајлинг. Значи финансиската состојба на никој не е сјајна, но сепак ти си јавна личност, треба да гледаш како излегуваш, луѓето од тебе учат.

-Јавните личности генерално имаат многу лош стил, тоа мора да се смени, вели Давидовски.