Го паднала возачкиот испит а воопшто не го ни стартувала автомобилот, причината банална

  • By klaster2
  • февруари 2, 2022
  • 0
  • 394 Views

Девојка од Ланкашир во Англија паднала на возачки испит и не го ни стартувала автомобилот за да започне пишува ,, Ладбибле”.

Причината за паѓањето на возачкиот испит е изненадувачка и девојката споделувајќи ја оваа вест изненади многумина со нејзината приказна.

Кога комисијата седнала во автомобилот, забележала делови од гума за бришење под нејзините нозе, а во истиот момент и рекле дека го паднала испитот бидејќи „автомобилот бил валкан и неподготвен за возење“.

Пол Тарнер, таткото на 17-годишното девојче, рече дека парчињата од гумата воопшто не се од неговата ќерка бидејќи автомобилот во кој седела не е нејзин, туку на инструкторот.

Инструкторот чииј автомобил бил претходно бришел нешто што запишувал и остатокот паднал, а сето тоа се одразило на неговата кандидатка.

„ Тие направија како да има отпад и фрлани работи низ цел автомобил, навистина претераа со ова. Целата ситуација е лу да.

,, Десетина минути разговараа, но тој не се откажа од тоа да ја падне ќерка ми на возачки испит. Таа падна на испит без да вози.

,, Беше таж на и во солзи, а не сакаа ниту да и ги дадат парите што ги уплати да полага испит, бидејќи практично не ни доби шанса да го полага испитот“, вели Пол Тарнер.

Возачкиот испит во Англија моментално чини 64 фунти или 4.800 денари а се чека со месеци, што само го отежнува полагањето бидејќи трае долго време без возење.

“Мојата ќерка заштеди толку многу за ова. Просто е неправедно”, заклучува таткото, а агенцијата за возење и безбедност вели:

“Издадени се упатства дека автомобилите што се користат за возачки тестови мора да се исчистат пред тестот за да се намали можноста за вирус и тоа мора да се почитува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.