Гоце: Веќе 6 години сопругата не спие со мене, јас готвам и работам а животот ми минува

  • By admin
  • јуни 15, 2021
  • 0
  • 11120 Прегледи

Не е невообичаено во животот на секој пар да дојде до период во кој одредено време нема ни емоционална, ниту физичка близина. Тоа обично се случува кога луѓето не се расположени за интимност, понекогаш се уморни или навистина имаат главоболки.

Меѓутоа, кога со својот партнер не сте блиски веќе 6 години, е тоа баш е не е невообичаено и е аларм за нешто полошо. Еден долгогодишен сопруг се пожали баш на тоа – сопругата не сака никаква интимност со него откако го добиле второто дете. Ви ја пренесуваме неговата исповед.

„Јас сум татко на две прекрасни дечиња, со сопругата сме веќе во средните 40ти години, а во брак сме 8 години. Кога бевме уште во врска навидум сè беше во ред и мислев дека нема да имаме никакви проблеми.

Но, најголемиот проблем со кој се соочувам веќе 6 години е тоа што сопругата и јас воопшто немаме односи. Не знам веќе што и како да направам за да ја убедам.

Јас имам голема желба и никогаш не сум ни помислил на друга, а кај сопругата либидото не е намалено, туку воопшто го нема. Кога и да разговараме околу тоа постојано се развикува и нагласува како тие работи воопшто не и пружаат задоволство, факт што за мене беше нешто ново, веќе кажав дека на почетокот сè ни одеше супер.

Жената си има многу ниска самодоверба иако секој ден и давам комплименти, ја уверувам дека е најдобрата и најубавата жена за мене, и купувам многу работи за да ја изненадам и пак ништо.

Јасно ми е и мене, жена како жена после два пораѓаја не може да изгледа како на 24 години, си има недостатоци, но јас ја прифаќам секаква зашто ми е сопруга и не го гледам тоа.

Многу лошо влијание има интернетот и телевизијата, таа чувствува срам од тоа што има свиснат стомак, што има целулит, но не знае дека ние мажите многу-многу и не ги забележуваме тие работи.

Никако не можам да ја убедам дека тоа е нормално, сме си дале ветување дека ќе се сакаме какви и да сме, но се ми е џабе. Патем, ако не го имаше сега тоа тело, немаше да ги имаме нашите две дечиња а тоа ми е најважно.

Ама ајде, имам големо трпение и поради работни обврски и поради децата не сакам многу да се расправам за тоа – сепак не е пресудно за еден брак да опстои. Во куќата најголемиот дел од работите јас ги завршувам, таа понекогаш ќе фати нешто покрај децата.

Срам ми е да споделувам со пријатели затоа што јас и готвам и вклучувам перална и ги праќам децата во градинка, а таа само оди на работа и си одмара по дома.

Сфатив дека си има психички проблем, но воопшто не сака да оди на советување или на лекар затоа што не гледа ништо лошо во ситуацијава. Јас чувствувам како времето ми минува и се прашувам постојано затоа ли најдов жена, за да не можам ништо да имам со неа?

Таа ми вели тоа не е мој проблем, најди си занимација јас не сум ти само за во кревет. Одев на лекар за да ми даде нешто за намалување на желбата зашто не знам што би направил ако уште еднаш ме испровоцира, но и тој не ми даде ништо.

Не знам дали треба да ја оставам и да ги повредам децата или да се помирам со фактот дека нема да сум интимен со сопругата цел живот. Децата се многу мали, сепак жал ми е за нив, нема како да им ја објаснам причината ако се разделиме.

Можеби ќе најдам некое решение или нејзе ќе и текне дека има сопруг и дека треба да си ги исполнува своите должности како сопруга“.Дали мислите дека ваков брак има шанси да опстои?