Горан Пандев откако објави крај на кариера откри зошто не му се тренира и игра фудбал повеќе

  • By admin
  • септември 22, 2022
  • 0
  • 269 Views

Според многумина Горан Пандев е најдобриот македонски фудбалер во историјата, човек кој донесе големи радости на нашата држава.

Тој доцна синоќа за италијанските медиуми и дефинитивно означи крај на кариерата, онаа клупска со оглед на тоа што репрезентативната веќе од претходно ја заврши.

Угледниот весник „Газета“ објави обемно интервју со Горан Пандев кој остави неизбришлива трага во италијанскиот фудбал.

Пандев ужива статус на вистинска фудбалска ѕвезда во Италија и тоа е поради наследството кое го остава во Серија А, па затоа не чуди ниту фактот што реши да се одјави во интервју за еден од најпознатите медиуми од оваа земја.

– После цели дваесет години, време е за крај. Мојот најстар син има речиси 13 години, во минатото го гледав само за време на паузите од една за друга сезона.

Сега сакам да му се посветам на семејството, но набрзо сигурно ќе ме видите пвоторно во фудбалот, бидејќи јас не знам да правам ништо друго.

– Цело лето не размислував за фудбал и кога ќе се случи тоа доаѓа до опуштање, јадете повеќе и тренирате помалку. Веќе имам неколку килограми повеќе.

Веќе немам желба во главата да почнам да тренирам, а на 39 години станува се потешко. Во Џенова сите 8 сезони почнував како четврти напаѓач, барав од претседателот Прециози да ми верува, но на крајот, кога бевме во опасност, секогаш играв.

– Во иднина повеќе се гледам како директор или спортски агент. Сакам да работам со млади луѓе и да им помагам, да разговарам со нив и да ги гледам нивните натпревари.

За крај, им кажувам благодарам на сите. На сите мои тренери, на сите претседатели, на сите навивачи. Заборавам на се лошо што се случило, – порачува Гоче во свој стил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *