Горан од Скопје: Поради немарливост на докторите останав без двете нози, доаѓа момент кога трпам и за леб

  • By klaster1
  • јуни 27, 2021
  • 0
  • 3783 Прегледи

Горан Стефановски од скопска Кисела Вода има само 50 години, до пред една деценија нормално функционирал и заработувал за живот. Но денес со минималната инв алидска пензија, едвај е доволна за лековите и е на работ на егзистенција.

Израснав скромно, не живевме во оваа куќа, потоа по чина татко ми па потоа и мајка ми, јас завршив само основно образование.

– На 30 години решив да се оженам и создадам семејство, имам и браќа и сестри, братот не толку, но сестрата доваѓа и не ме остава на цедило, многу сум и благодарен.

– Првите две деца ги изгубив доста млади едното на 7 месеци другото на 9, а сега имам само едно дете 18 годисната ќерка Ивана, која фала му на Бога ја сочува.

– Откако се случи ситауцијата со сопругот, животот ни се смени нагло, векје 7 години се метлееме по болници. Откако ми започна проблемот со га нгрената се ни тргна удоло. Тешко е да се работи и машка и женска работа, вели сопругата на Горан.

– Се започна 2014 година, работев во општина Аеродром, во зеленилата бев и влегов во една студена вода, бев приморан. Така ми рече шефицата мора да влезеш, влегов во водата и наеднаш осетив големо студенило во ногата.

– Како да се боц нав нешто, на прстот на ногата имав мала гребнатика, одев на болница, докторката не ме сфати сериозно. Две години поминаа така, јас и велам не ја чустувам ме бо ли, но таа несакаше да ми даде упат да се лекувам понатаму.

– Од тогаш започна го лготата, најпрво мораче да ми се острани едната нога, а потоа и другата нога и дојдов до оваа ситуација.

– Јас бев мала кога на татко ми му ја отстранија ногата, бев 4 одделение, тогаш ми беше чудно незнаев како да реагирам, но подоцна со текот на време ми беше многу тешко но ја прифатив ситуацијата и да се снаоѓаме како знаеме и умееме, вели ќерката Ивана.

– Водев бор ба долги години за мојата пензија, ми фалеа само 2 месеци за да добијам редовна пензија, замислете 2 месеци а толку време работев. Сега земам 7 илјади денари инва лидска пензија, но таа стига едвај за лекарства.

– Исти случај беше и со другата нога, после првиот зафат, јас одев се движев година ипол, и повторно на малото прсте се појави мала точка, и не го осеќав.

– Ми ја острануваа 4-5 пати за да на крајот фатам и инфе кција, за да морат и скроз до горе да ми ја отстранат, вели 50 годисниот Горан.

– Да не се сопругата и ќерката јас незнам како би функциониарл, навистина е тешко, да сум здрав не барам помош, но вака…

– Таа сега е во години во кој што и требаат многу работи, јас неможам да и обезбедам, навстина ми е тешко поради тоа, вели Стефановски.

– Многу ми е жал што неможам да допринесам за семејството, сега ќе сум четврта година средно училиште, потоа планирам да отидам на факлутет, да учам и со тоа да им помогнам на моето семејство, вели младата Ивана.

– Не се радувам на следното утро, долго време не сум се насмеал а и дошло моменти кога сум трпел за леб, здравјето е најголемото богатство на овој свет, заклучува Горан.