Горан од Велес ја продолжува долгата традиција со занаетот кој се помалку го има кај нас

  • By klaster1
  • мај 27, 2021
  • 0
  • 463 Прегледи

Во домот на Горан Бошковски резбањето на дрво го држи во живот копаничарството. Господин Бошковски е пенизониран инспектор кој две децении се занимава со оваа уметност.

-Не работам на некоја норма, не по тој принцип, има да речеме некој резбари кој работат на тој приницп, на пример да речеме колку да изработат и тоа им е работна обврска.

-Меѓутоа мојот начин на работа не е тој, јас работам само кога ми е задоволство, вели овој мајстор.

Во Македонија за жал нема организиран облик на учење на копаничарството. Горан најпрво цртал, сликал, вајал со глина, па сам го открил својот талент кон резбањето.

-Мора прво идејата да се формира, потоа следи цртање на мотивот. Цртањето многу се разликува од останатите правци на уметноста, каде што се користи цртање.

-Затоа што морат да се предвидат сите детали, цртежот е дводимензионален, резбата е тродимензионална.

Во ателјето на Горан, изработката на една резба нема точно одредено време. Изминативе години за ситна и длабока резба на едно дело има работење 5 месеци.

– Она што мене ми претставува предизвик е да секој нареден пат имам резба која што ќе биде посложена за работа. Така што голем дел од резбите што ги почнувам, јас не сум сигурен дека можам да ги завршам.

-Но на моја среќа сите се завршени. Многу е битно за да резбата биде успешна да имаме убав мотив.

Секое дело што го изработува Горан има своја порака и приказна.

-Моментално работам една резба која ја комбинирам со газиена ламба. Гасиената ламба такаречено се исфрла од употреба и тоа подолго време веќе.

-На секого ќе му даде некоја порака, ќе го потсети на некој времиња каде што газиената ламба се користела, како и сите останати занаети копаничарството изу мира

Македонското копаничарство мотивите ги црпи од манастирите и црквите на иконостасите.

-Заинтересираност постои но можеби моќта на народот не е доволна, куповната моќ за да има поголема побарувачка. Тоа е најчесто од наши луѓе и луѓе од овие простори на Балканот.

Горан Бошковски ја продолжува долгата традиција на копаничарство во македонската култура.

-Премногу го сакам копаничарството, неможам да си дозволам да трошам време на сликање, заклулува Горан за Види Вака.