Горан: Наместо да останам во Германија, јас си ја донесов овде во Македонија

  • By admin
  • февруари 21, 2022
  • 0
  • 531 Views

“Се викам Горан и имам 44 години. Семеен човек сум, имам сопруга и две малолетни деца. Меѓудругото, мора да се пофалам и дека сум сопственик на свој бизнис.

Во денешно време ако некој каже дека со нешто се занимава приватно веднаш знаат да кажат, абе матни бизниси има, којзнае од каде му се парите за свој бизнис, абе го знаш каков беше сега се занесува многу.

Буквално да не може на човек да му тргне работата од муабети. Ама искрено мене многу ми е гајле, јас веќе 8 години си се занимавам со мојата работа и ич не ми чуе за другите.

Тие што ме познаваат знаат дека сум поштен човек, секој денар сум го заработил со пот, и тоа пот и од жешко и од ладно време. Многумина не веруваа во мене на почетокот, ми велеа дека ми е подобро да си работам за газда и чиста работа, да не се замарам со поголем терет.

Јас си верував во себе и еве успеав. Ќе ви раскажам и на кој начин. Уште на времето дури беа моите родители живи знаев дека живеам во сиромашно семејство и ќемора многу да работам за да си купам макар и кола.

Такви бевме работничка фамилија. Сестра ми се омажи млада и останав јас да ги гледам моите. Поработев некоја година во една фабрика ама тогаш млад, мислев сè што лета се јаде, па едни другари ме прелажаа да одиме на печалба во Германија.

Истата работа и таму ќе ја работев, ако не и пол ошо и малку се двоумев дали да одам. На толку пофалби од другарите дека таму животот ќе ми биде поубав, дека ќе заработам многу пари, ќе ги издржувам домашните и слични работи, морав да заминам.

Како и сите што знаете, во Германија навистина може да се направат убави пари, ако многу работите и штедите ќе имате сè што ќе посакате.

Се прелажав по парите, цело време се споредував со платата во Македонија и си мислев дека го достигнав врвот. Готово, сега можам куќата долу да ја реновирам, тука стан да си земам, да се оженам и ред други работи, си велев.

Останавме неколку години таму со повремено враќање во Македонија. Бев задоволен, ‘рмбав што се вели од утро до мрак на скелиња, на покриви, по работилници, сегде каде што ќе најдев работа.

Тоа што бев млад во најубавите години ми даваше сила да работам уште повеќе. Си најдов дури и невеста која живееше во Македонија и планиравме по веридбата и таа да дојде со мене.

Арно ама, тој период кој го минавме одвоени некако ми го промени умот. Си велев како сега најдов жена да се одомам и јас уште ‘рмбам тука само да имам пари.

Ништо од живот не видов, ни прошетав некаде по Германија, ни во друга европска земја само и само да заработам многу пари. Се презаситив од секојдневното работење и си реков доста ми е, кој што сака нека каже јас ќе се вратам во Македонија со тие пари што и имам и таму ќе си живеам со мојата фамилија.

Долги години ги минав само во работа, е сега малку ќе поуживам во убавините. И на големо чудење на сите се вратив во Македонија. Невестата си почна со работа во еден маркет, јас некое време седев дома дури средивме се околу домот и свадбата.

Можам да кажам дека долгогодишното искуство штп го стекнав со работа во Германија ми го отвори умот. Навистина си реков, кога некој друг можел зошто и јас да не почнам сам свој бизнис?

Веќе знам многу градежни работи и се одлучив тука да почнам со таа работа. Прво работев колку да ме дознаат луѓето преку друга фирма, но целта ми беше сам да се остварам во таа работа.

Така и бидна, веќе 8 години јас и уште неколку мои работници се занимаваме со фасадирање, изолација на куќи, ѕидање на огради, менување на покриви и ред други работи околу куќте и зградите.

Па слободно можам да кажам дека во однос на платата немам разлика. Дури некогаш тука и повеќе заработувам и плус можаж да си земам слободни денови, да си уживам ао семејството, а не да зависам постојано од некој друг.

Место да одам во Германија, јас си ја донесов Германија овде во Mакедонија. Додека сите се сомн еваа оти нема да успеам, јас им докажав дека можам. Се надевам дека би ви бил поттик и на вас кои се мислите дали сами да почнете со нешто ново. Да знаете, Господ ги поддржува тие што се трудат и имаат идеи. Искористете ја секоја ваша можност и капацитет”.

Обработил: А.Л. Фото: Илустрација.

Авторски текст кој не смее да се превзема без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.