Горан за да привлече берачите на капини им вети награда одмор на море во Грција или Турција

  • By klaster3
  • јули 28, 2022
  • 0
  • 496 Views

Бербата на капини оваа сезона веќе е започната, а вкупното време на зреење и берба на плодовите на капината трае помеѓу 30 и 40 дена.

Плодовите не зреат истовремено, туку постепено, па бербата на комерцијалните сорти во наши услови се врши 5 до 7 пати. Еден од одгледувачите смисил интересен начин како да ги стимулира берачите да работат на овие жештини.

Горан Станчиќ, овоштар од Неготин е еден од ретките работодавачи кои немаат проблем со недостигот на работна сила. На неговиот оглас за работа се јавиле многу заинтересирани од кои дел морал и да ги одбие.

Горан веќе 20 години се занимава со одгледување на капини и оваа сезона дошол до интересна идеја за тоа како да ги стимулира работниците да работат во неговиот овоштарник.

– Наградата од десет дена одмор ќе ја добие тој што ќе бере најголема количина капини. Кој е најдобар ќе му платам превоз, сместување и патничко осигурување за десетдневен одмор во Грција или Турција.

Во зависност од финансиските можности, следната година може да наградиме две лица. Вакво нешто немавме претходните години, но сега решивме малку да ги охрабриме луѓето – изјави Горан пред почетокот на бербата.

Тој додаде дека жетвата започнува на петти јули, а ќе заврши на крајот на август, кога ќе се сумираат резултатите и потоа ќе се избере победникот.

– Со оглед на тоа дека долги години работам со капини, знам каква ма ка е тоа, особено кога е време за нивно берење. Сите се пржиме на сонце.

Дојдовме на идеја да го почестиме со море најдобриот берач оваа сезона, еден десетодневен аранжман каде ќе се договориме, за да им дадеме на луѓето волја да работат малку повеќе – изјави Станичиќ деновиве за порталот ЗАмедиа.

Гајбите се мерат штом се наполант и грижливо се води евиденција за секој берач. Иако е навистина жешко, расположението меѓу берачите е одлично и во друштво се е полесно.

– Внимателно се берат, гранките не се крш ат, се земаат само зрелите – вели една од берачките. Годинешниот род на капината е помал за четвртина, но, како што вели сопственикот, квалитетот е првокласен.

Намалената откупна цена не го загрижува Горан многу затоа што неговиот целокупен принос се преработува со оглед на тоа што тој во неговиот крај познат по неговото капиново вино.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.