Голем потег на Македонецот Ристевски од Австралија за малиот Јаков

  • By admin
  • јули 27, 2021
  • 0
  • 3349 Views

Цела Македонија, но и нашите во дијаспората во изминатите деновие се кренаа на нозе за да соберат пари за лекување на малиот Јаков од Кочани.

Уште една убава вест во оваа сторија ни пристига од далечната Австралија. Имено Џим Ристевски кој има македонски корени, за неполни два дена успеа да собере преку неговата мрежа на деловни партнери и пријатели приближно 28.000 австралиски долари за хемо терапија за двегодишниот Јаков.

Познатиот бизнисмен и филантроп по трет пат со своја иницијатива успеа да ја вклучи заедницата во Австралија за помош за земјата од каде потекнуваат неговите предци.

-Јаков, ти си мал борец, твојата насмевка ги стопи срцата на Австралијаните. Тука, кога сме повторно во локдаун, сите ги отворивме нашите џебови за да помогнеме.

Инаку сум татко на три деца и едноставно не можев да замислам да не се вклучам да помогнам, вели Ристевски кој ѝ е познат на македонската јавност по два претходни хумани гестови.

Во 2016 година, кога се случија големите попл ави тој успеа да собере 10.000 австралиски долари за малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка, кој ги загуби своите мајка и брат на скопската обиколница.

Минатата година тој повторно се јави како организатор на иницијатива за собирање донации во која ја вклучи неговата ќерка Медисон Ристевски, средношколка од Волонгонг, Австралија.

Таа ѝ припаѓа на четврта генерација Австралијци со македонско потекло и изработувајќи средношколски проект, ги заинтригира светот и нашата дијаспора.

Донациите доаѓаа од хумани луѓе од Австралија, Кина, Филипините, Нов Зеланд, Малта, Канада, САД. А беа наменети за реконструкција на Медицинското училиште Д-р Јован Калаузи од Битола, кое беше во очајна состојба.

-Не сакам никој да ми каже благодарам, зошто јас не направив ништо поразлично од секој еден кој добрината ја смета за доблест.

Замолувам да ја споделиме страната за донации  и да ги дособереме средствата кои се потребни за да го видиме овој мал херој како расте во добар млад човек, додаде тој.

Џим Ристевски е основач и менаџер на неколку компании во сфера на градежништво, аутсорсинг и дистрибуција на пијалаци во 12 земји во светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *