Голем потег на Зоран Заев за мајката на Верица од Берово која го донираше своето срце

  • By admin
  • јуни 12, 2021
  • 0
  • 3527 Прегледи

Младата Верица Бечковска која за жал повеќе не е помеѓу нас пред неколку месеци спаси неколку човечки животи откако донираше органи, како срцето и бубрезите.

За тешката состојба на нејзиното семејство се дозна од медиумите, а тие не беа оставени така од надлежните.

Министерот за здравство, Венко Филипче пред извесен период се сретна со семејството на Верица Белчовска чии органи беа донирани и спасија неколку човечки живот.

„Утрово се сретнав со семејството на младата Верица Белчовска чии органи беа донирани и спасија животи. Најмалку што можеме да сториме за овие неизмерно хумани луѓе е да им помогнеме.

Преку донатори се обезеди вработување за таткото и братот на Верица, а на почетокот од месецов, Владата им додели на користење стан во општина Струмица.

Белчовски донесоа одлука која нема цена, тие на сите ни покажаа што значи да си човечен, ова семејство во моменти кога го изгубија најмилото, мислеа како да спасат други животи, за што сите сме им вечно благодарни“,кажа тогаш Филипче.

Премиерот Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Во Канцеларијата вработена е Душка Белчовска, мајка на Верица, девојката чие срце беше донирано.

Во Струмица денеска отворивме канцеларија за непосредни средби со граѓаните. Оваа канцеларија е уште една алатка за комуникација, место каде што граѓаните ќе можат да ги адресираат своите прашања, проблеми и предлози.

На едноставен и лесно достапен начин секој граѓанин од Општина Струмица, но и од соседните општини, ќе може да закаже и да оствари комуникација со мене или со членовите и советниците во Владата.

Поддршка во овој процес граѓаните ќе добиваат од вработените во Канцеларијата, меѓу кои е и Душка Белчовска, мајка на Верица, девојката која преку најголемиот хуман чин – донација на органите, спаси повеќе човечки животи.