Голема новост за љубителите на турските серии – за гледачите повеќе ништо нема да биде исто

  • By admin
  • мај 28, 2021
  • 0
  • 5176 Прегледи

Според variety.com, благодарение на интернационалната дистрибуција и освојувањето на глобална публика, Турција стана втора во светот, веднаш зад САД, во поглед на продукција и дистрибуција на телевизиска содржина.

Огромна публика за таа содржина има во Русија, Кина, Кореја, Блискиот Исток и Јужна Америка. Во моментов, Чиле е најголем консумент на гледано по бројот на серии кои се откупени за прикажување во државата, додека Мексико и Аргентина плаќаат највисока цена по епизода.

На Балканот, турските серии повеќе од 10 години се дел од секојдневието на луѓето.

Турските серии се навистина многу барана содржина и милиони луѓе во светот секојдневно ги гледаат. Тие се уникатни, возбудливи и различни од сѐ останато што во моментов се нуди на пазарот.

Според Eurodata TV, Турција продуцирала најголем број од драмските серии кои постигнале најголема гледаност надвор од својата матична земја

За да се сфати глобалниот успех на турските серии треба да се има предвид и долгата и богата турска историја и географскиот простор на кој постоеле многу цивилизации.

Современа Турција е местото каде се пресретнуваат Азија и Европа, а поради стратешката локација, Анадолија е совршена локација на која се вкрстуваат многу цивилизации уште од дамнешни времиња, почнувајќи од оние на Сумерите, Хитите, Старите Грци, Римјаните, па до Византиската и Отоманската Империја.

Земја со вака обемно културно наследство очекувано е да има и богата културна и социјална динамика. Младата турска популација секако дека е повлијаена и од големите економски и културни промени што се случуваа изминативе децении, што пак создаде совршена позадина за креирање на драми кои се базираат на вечните опозиции, богатство, сиромоаштија, урбано-рурално, илустрирани преку силните карактери и извонредната сценографија

Иако звучи неверојатно вистина е. Првата турска робот-актерка потпиша договор за снимање филм со продуцентот и режисер Бирол Ѓувен.

Според изјавата од MinT Production, роботот Ајпера ќе има улога во новиот филм на Ѓувен, „Дигитален човек“ (“Digital Human”), кој треба да ги обедини роботите и луѓето.

Снимањето на филмот ќе почне во септември годинава и ќе биде претставен во 2022 година.

Ајпера е создадена од дизајнерот и инструктор Багер Акбај, писателот на научна фантастика Тефик Ујар и компјутерскиот инженер Зејнеп Нал Сезер.

Ѓувен истакна дека ова е само почеток и дека во иднина ќе има и роботи продуценти и сценаристи.