Германија сакаат да заштеди на гориво: Забрана за возење и ограничувања на брзината

  • By klaster2
  • април 4, 2022
  • 0
  • 539 Views

Со цел да се заштеди гориво, во Германија се предлагаат повторно воведување мерки како за време на нафтената кр иза во 1973 година: општо ограничување на брзината и забрана за возење во недела. Колку тоа би било ефективно денес?

Текла Вакер, министерката за животна средина на Баден-Виртемберг, беше првата што се сети на ова: „Зошто да не воведеме ограничувања на брзината или „недела без автомобили“, како што беше случајот во 1970-тите?

Тогаш мерката се покажа ефикасно и помогна да се намали потрошувачката на гориво“, изјави покраинскиот министер на Зелените за германската новинска агенција ,,дпа”

Тогаш диригентската палка ја презеде Нина Шир, претставник на владејачката Социјалдемократска партија (СПД) задолжена за енергетика и заштита на климата:

„Неделите без автомобили не ни наштетија во минатото, а денес би можеле да ни помогнат доколку има е недостиг на гориво“, рече Шир за весникот „Велт“,

Конечно, овој викенд, копретседателот на Зелените, Рикардо Ланг, рече: „Потребно ни е привремено ограничување на брзината на автопатите,

На пример за девет месеци – до крајот на годината, односно до моментот кога сакаме да станеме независни од руската нафта, вели тој за ,,Дојче Веле”

Во земја која има производители на автомобили како Мерцедес, Фолксваген или Опел, тој предлог не можеше да остане незабележан.

Првата ваква акција беше организирана на 25 ноември 1973 година, а потоа следеа уште три „недели без автомобил“. Оние кои ја прекршиле забраната се ка знети со 500 марки.

Во исто време, ограничувањето на брзината на автопатите е до 100 километри на час, а на автопатите 80. Овие правила се во сила веќе шест месеци.

Веќе првата „недела без автомобил“ донесе слики од Германија како од филмови: илјадници пешаци и велосипедисти се собраа на автопатите, полицијата собираше прекршителите на законот пеш, па дури и цените на коњите скокнаа, како што објавија тогаш медиумите.

Прашање е, сепак, колку ваква мерка може да биде прифатлива денес, кога се повеќе луѓе користат автомобили поради панде мијата за да избегнат гужви во јавниот превоз.

„Мислам дека би било тешко да се спроведе тој предлог, бидејќи многу луѓе денес работат во недела“, изјави за радиото СВР Амадеус Бах, истражувач од Универзитетот во Манхајм.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.