Геерманија од утре воведува нови мерки за влез на Македонци

  • By admin
  • јануари 14, 2022
  • 0
  • 588 Views

Германската амбасада во Македонија денес излезе со соопштение во кое што се вели:

Сојузната влада почнувајќи од 16.01.2022 година (00:00 ч.) Македонија ја клафицираше како област со висок риз ик на инфекција со Ковид-19.

Затоа, сите патници мора да се регистрираат на порталот за влез на Сојузна Република Германија и да ја носат со себе потврдата заради контрола од страна на превозникот или Федералната полиција.

Освен тоа, сите патници се должни да заминат директно во предвиденото сместување, веднаш по влегувањето во земјата и да останат таму цело време (карантин).

Не е дозволено да се примаат посетители. Начелно овој карантин трае 10 дена. Ако пододнесете доказ за вакцинација или оздравување преку порталот за влез, карантинот завршува предвреме, во моментот на поднесување.

Исто така може да се направи тест (тест за антигени или ПЦР-тест) најрано пет дена по влегувањето и резултатот може да се испрати преку порталот за влез. За лица под 12 -годишна возраст, карантинот завршува автоматски, со завршување на 5 -от ден по влегувањето.

Лицата постари од 6-години при влез начелно мора да имаат негативен ковид-тест, доказ за вакцинација или доказ за прележан ковид, без оглед на видот на транспортот и без разлика дали претходхо престојувале во област со висок ризик или со варијанта на вируси.

Начелно КОВИД-тестовите (антиген или ПЦР-тестови) во моментот на (планираниот) период на влез смее да бидат максимум 48 часа стари.

Доказите може да се побараат од страна на Сојузната полиција или од надлежната служба. Патниците со авион доказите мора да ги достават до превозникот веќе пред поаѓање.

Обврската за приложување на доказ во врска со Ковид важи и за патници, кои само транзитираат на некој аеродром во Германија. Ова важи и за не-шенген-транзит од т.е. во трети држави надвор од ЕУ како и за транзит од т.е. во државите на шенген зоната.

За подетални информации, посетете ја веб страницата на Сојузното Министерство за здравство.

Лица над 6 години кои примиле вакцина одобрена во Германија (в. листа на Институтот Паул Ерлих), и се потполно вакцинирани, смеат да влезат во Германија за сите цели на патување, под услов од последната потребна вакцинација да поминале најмалку 14 дена.

На децата под 6-годишна возраст им е дозволено да патуваат во придружба со барем еден целосно вакциниран родител, и ако самите децата не се вакцинирани.

Сите останати лица без оваа заштита од вакцинација можат да влезат во земјата само ако патувањето е апсолутно неопходно, земајќи ги притоа предвид горенаведените обврски за обезбедување докази и карантин. Одлуката за дозвола за влез ја донесува соодветната гранична полиција. Амбасадата во овој случај не може да даде индивидуални изјави.

Повеќе информации може да најдете на веб-страната на Сојузното министерство за внатрешни работи.

Информирајте се за важечките ограничувања на јавниот живот во Германија

На многу места во Германија моментално важат ограничувања на јавниот живот, кои делумно зависат од локалната епидемиолошка ситуација, и може да се променат во секое време.

Сојузната влада и сојузните покраини го ограничија пристапот, меѓу другото, кон сместувачките капацитети (особено хотелите), гастрономијата (ресторани, барови, клубови и слично), како и кон рекреативните, културните и спортските настани само на лица кои поседуваат доказ за вакцинација или прележаност („2Г-одредба) т.е. со дополнително приложување на негативен тест („2Г плус“) и може да преземат и други ограничувања.

Германија начелно ги признава само вакцините и лиценцираните производи одобрени од Европската Агенција за лекови (ЕМА). Освен тоа, делумно се прифаќаат само дигиталните КОВИД-сертификати на ЕУ и еквивалентните сертификати (важечките сертификати од Северна Македонија се признати од ЕУ како еквивалентни).

Со тоа, со други странски сертификати (физички или дигитални) не е можно да се присуствува на одредени места и настани. Од тие причини, Ве замолуваме уште пред да патувате во Германија да се информирате самите, дали Вашето патување и активностите што се планирани за време на патувањето, се изводливи.

Информации во врска со ова може да се најдат на веб-страните на сојузната покраина, во која патувате. Германските амбасади не може да преземат никаква одговорност или советување во овој контекст.

Информирајте се за важечките ограничувања за влез во другите земји во Европа

Ве молиме, пред можниот влез во други земји-членки на ЕУ, во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, или Швајцарија, да се информирате кај нивните надлежни служби за важечките ограничувања за влез во овие држави. Можно е, Германија да Ви дозволи влез, но не и овие други држави (можеби дури иако целта е транзит за да стигнете до Германија).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *