Газдите во трка по сезонски работници, а ги има се помалку иако убаво може да се заработи

  • By admin
  • јули 20, 2021
  • 0
  • 719 Прегледи

Сезонските работници во угостителството и во хотелиерството, и воопшто во туризмот, како и во земјоделството и во преработката на земјоделските производи, во и надвор од границите на земјава, се меѓу најпогодените во здравствено-економската кр иза предизвикана од короната.

Многу од мерките за сузбивање на вирусот беа насочени кон ограничувања и забрани за движење, групирање и за работа во посочените сектори, токму во периодите што важат за клучни за одредени дејности.

Во претходните години, летото беше период во којшто понудата на работни места и побарувачката за работна сила беше најголема. Пандемијата на коронавирусот ги наруши сите планови минатата година и сезонските работници ја изгубија можноста за солидна заработка.

Оваа сезона можеби не може да се спореди со сезоните 2019 или 2018 година, но како одминува времето, се повеќе се отвораат можности за работниците. За тоа сведочи зголемениот број на објави што кружат на социјалните мрежи, во кои се нудат бројни работни места во туристички дестинации низ Европа.

Во Бока Которска за бармени се нуди плата помеѓу 800 до 900 евра, за келнери 700 евра, готвачи 1.200 евра, помошници готвачи 700 евра. Се работи во две смени од осум до 16 часот и од четири до 12, но работниците имаат и еден слободен ден неделно.

Недостаток на работна сила низ цела Европа. Поради новонастанатите околности поврзани со пандемијата на коронавирусот, грчките угостители сега имаат проблем со недостиг на работници, па затоа тргнаа во потрага по евтина работна сила.

Сличен тренд е во Норвешка, каде има и недостиг на работници во угостителството. Велика Британија исто така се соочува со недостаток на сезонска работна сила, не успевајќи да ја исполни побарувачката на работна сила во земјоделскиот сектор.

На сезонска работа во соседството. По една година пауза поради пандемијата, Белграѓанецот Александар Симиќ, повторно е на сезонска работа, овојпат во Хрватска.

Задоволен е од работодавачот, но за двајцата и за многу други во нивната ситуација, сега најважно, по ланскиот „пандемиски пост“, e да пристигнат туристите во што поголем број.