Во Охрид ќе се случи свадбата на годината – се жени еден од најдобрите НБА кошаркари

  • By admin
  • јуни 17, 2022
  • 0
  • 441 Views

Македонија и македонската кошарка не може да се пофали многу кога станува збор за наши кошаркари кои заиграле во најсилната кошаркарска лига во светот.

Веќе добро знаеме дека првиот Македонец кој заигра во НБА лигата беше Перо Антиќ кој ги бранеше боите на Аталанта.

Вториот роден Македонец кој заигра во НБА лигата и се уште настапува и тоа со голем успех е 27-годишниот Чеди Осман кој сепак се реши да игра за Турција.

Имено Џеди до 4 години живеел во Охрид спроти пазарот а првите чекори во кошарката ги направил токму во тогашниот локален клуб Колибри. Осман е роден во Охрид, од татко етнички Турчин и мајка Босанка.

„Среќен сум што сум дел од олстар-викендот и што играм заедно со голем број талентирани кошаркари. Роден сум во Македонија, а вечерва ја претставувам Турција.

Двете знамиња на моите патики покажуваат дека сум нивни репрезента и дека тие постојано се во моето срце. Знам дека оттаму имам голема поддршка без разлика што се случува“, изјави Осман по својот прв настап на Ол стартот во НБА.

Чеди Осман искажа љубов кон родната Македонија и кон Турција за време на Ол-стар викендот во Шарлот, Северна Каролина, настапувајќи во специјално дизајнирани патики со знамињата на двете земји.

Осман уште еднаш докажа дека не заборава од каде потекнува и каде е роден, па така во јули ќе прави свадба во родно Охрид.

Имено како што се знае Осман ја запроси познатата турска актерка, Ебру Сахин која му кажа да. Двојката е заедно од 2020 година, а една недела подоцна ќе направи свадбена церемонија и во турското туристичко место Чешме, каде што се запознале и каде што ја почнале својата врска.

Кошаркарот на Кливленд кавалирс, Џеди Осман, во септември во Кападокија ја побара за жена својата девојка, актерката Ебру Шахин.

Осман речиси секое лето го посетува Охрид, а овојпат истата посета ќе биде со уште поубава причина и нема сомнеж дека не очекува свадба на годината. Се уште не е познато дали и кои познати кошаркари ќе бидат присутни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *