Во најава конкуренција за Визер во Македонија – ќе има нов тендер и можност за други авиокомпании и нови дестинации

  • By admin
  • октомври 17, 2022
  • 0
  • 310 Views

Македонската влада планира да распише тендер за субвенционирање на воведување нови линии од земјава со адаптиран модел во споредба со претходните години.

За потсетување Визер ги добиваше сите три претходни тендери наменети за финансирање на започнување на нови линии и беше единствениот авиопревозник што аплицираше.

Сепак, македонскиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, рече дека сега е изготвен нов модел на субвенционирање и се чека одобрение од владата.

Иако г-дин Бочварски не откри детали за тендерските услови, тој истакна дека целта е да се привлечат што е можно повеќе нови авиокомпании. Коментирајќи го ова прашање, г-дин Бочварски рече:

„Новиот модел ќе има за цел да вклучи што е можно повеќе авиокомпании и да не биде поврзан само со една. Го ограничуваме и износот на субвенции како што бара и Европската комисија, се со цел да им овозможиме на граѓаните што е можно повеќе дестинации и да го развиеме воздушниот сообраќај“.

Тој додаде: „Авиокомпаниите кои оперираат со поголеми авиони, до главните аеродроми и нудат повеќе неделни летови ќе имаат предност.

Договорот ќе ги обврзе авиокомпаниите да продолжат да одржуваат летови на линијата дури и по завршувањето на договорот за субвенција. Тендерските постапки се очекува да започнат до крајот на годинава“

„Визер“ доминира во авијацискиот сектор во Македонија, со удел од над 60 отсто од сите патници во земјата.

Нискотарифниот авиопревозник ќе го намали капацитетот на својата база во Скопје во текот на претстојната зимска сезона и притоа авиокомпанијата ќе има помалку авиони стационирани во градот.

Авиокомпанија ќе ги одржува летовите со четири наместо со пет авиони. Понатаму, првенствено ќе користи авиони Ербас А320 наместо поголемите А321 кои го сочинуваа најголемиот дел од нејзината скопска флота до сега.

Како што беше претходно објавено, авиокомпанијата и оваа зима сусп ендира неколку линии од главниот град на Македонија, пренесува специјализираниот сајт Ех-ју авиатион.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.