Во Македонија има работа, но нема кој да работи – дојде моментот кој многумина го предвидува

  • By admin
  • јуни 18, 2021
  • 0
  • 14165 Прегледи

Речениците „учи сине/ќерко за да не работиш како мене во фабрика“, како и недоволно атрактивните услови за работа во индустријата, се „сол на ра на” за она што ни се случува и допрва ќе се случува.

Речиси 1.000 работници секое утро заминуваат на работа во халите на поранешниот гигант ЕМО, на излезот од градот Охрид, на патот кон Ресен. Од 2016 година во производствените погони од околу 25. 000 метри квадратни започна со работа германската компанија „Костал”, којашто е глобален лидер во понудата на технолошки напредни електронски, електромеханички и механичко-електронски производи.

Клиенти на ,,Костал” се познати светски автомобилски брендови како BMW, Daimler, Porsche, Tesla, Rolls Royce, Bentley… Фабриката донесе надеж за заживување на подзаборавениот крај, кој последнава деценија живее пред сѐ од туризам. Надеж за егзистенција, но и за стопирање на огромниот бран на иселувања, пред сѐ на млади луѓе, што зеде замав последниве години. Сега работа има, но има ли и кој да работи?

Во декември 2014 година, „Костал“ ги објави своите планови за зголемување на производните капацитети во Европа преку својата инвестиција во Македонија.

Според планот, компанијата започна со производство во октомври 2016 година, како браунфилд инвестиција лоцирана во Охрид. На почетокот од 2018 година вработени се 221 лице, сега бројот на вработени е 978. Во иднина се очекува значително проширување на производството и вкупна инвестиција од 70 милиони евра.

Но, економската кри за, зајакната особено за време на пандемијата, предизвика сериозен удар на сите индустриски гранки. Европа кубури со кадри, а најголем проблем се чувствува токму во автомобилската и месната индустрија, иако подеднакво барани се електричарите и водоинсталатерите.

Првиот човек на компанијата „Костал“, Виктор Мизо потврдува дека има недостиг на човечки ресурси на пазарот на труд во земјата. „Станува збор за недостиг на ресурси со техничко (стручно) образование и претходно работно искуство во производно опкружување, и токму тука лежат нашите предизвици.

Откако претходно ги лоциравме предизвиците, па би рекол и ризиците, „Костал Македонија“ уште од самиот почеток на своите операции во земјата, започна со активности за пресретнување и надминување на истите“, вели тој за ДВ.

Според Мизо, пандемијата со Ковид-19 влијаеше во однос на пазарот на работна сила во земјата. „Пандемијата влијаеше еден дел од нашето население, кое претходно повремено или постојано живееше и работеше во странство, да се врати во земјата и побара вработување овде.

Станува збор за лица кои претходно работеле во производни или услужни дејности во земјите на Западна Европа, Медитеранот или Блискиот исток“, објаснува тој.

Ситуацијата е уште подр аматична во угостителскиот сектор, кој го доживеа најголемиот удар за време на пандемијата. На компаниите од угостителството и туризмот им недостигаат 50 проценти од потребниот кадар, пред сѐ келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите од интерната анкета што ја спроведе Стопанската комора.

Угостителството до 2019 година беше една од трите најбрзорастечки индустрии во светот со годишен раст од над 10 отсто и во просек секој трет вработен работеше во овој сектор.

Во 2020 година, пак, двете студии што ги направиле заедно со другите комори покажале дека имало пад на прометот во угостителството и туризмот и до 80 проценти.

„Ковид- пандемијата ги измени досегашните потреби во угостителската дејност за составот на работниот кадар кој им е потребен во процесот на работењето. Предизвикот на отворање нови работни места дефинитивно е заменет со предизвикот како да се задржат постојните и евентуално да се пополнат испразнетите места со соодветен кадар“, соопшти неодамна на прес-конференција Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора.

Поради неизвесноста од пандемијата и неработењето на хотелите и рестораните, вработените заминале да работат во други сектори како транспорт и градежништво.

Од почетокот на кри зата од 4 илјади до 20 илјади вработени го напуштиле овој угостителскиот сектор. Пред почетокот на туристичката сезона, угостителите се на мака да обезбедат квалификуван кадар.

Дел од работниците ја промениле својата работна професија, и од угостители станаа гипсери, монтери, односно голем број од угостителскиот-угостителскиот сектор преминаа во транспорт и градежништво.

Дел од работниците ја промениле својата работна професија и од угостители станаа гипсери, монтери… Неизвесноста е клучниот фактор за ваквите одлуки.

Укажувањата се дека за неколку години најпосетените туристички дестинации – Охрид и Струга ќе бидат принудени да увезуваат работна сила во угостителскиот сектор. Ситуацијата е алармантна како последица на одливот на стручен кадар во странство, најмногу во Хрватска, но и во Дубаи, каде платите коишто се нудат се над 1.000 евра.

Tоа го повлекува прашањето за увоз на работна сила, па како дел од опциите се споменуваат Африка или Индија, што би можело да стане стварност во наредните години.

Иста мака со работна сила имаат и соседните земји. Деновиве и угостители во Србија се пожалија дека 6.300 работници ги напуштиле хотелите, па ќе мора да увезуваат работници – спас ќе се бара со работна сила од Бангладеш.

И додека едни го гледаат излезот во увоз на работа сила, други се обидуваат дома да го најдат решението со преквалификување, дообразување и насочување на кадрите со цел да се пополни празнината за работна сила.

Стопанската комора најави програма за преквалификување од 50 до 100 лица за угостителскиот сектор. Комората подготви четири програми за двомесечни обуки за преквалификација и доквалификација за потребите на угостителскиот кадар за слаткар, готвач, пекар и келнер.

Целата сторија може да ја проследите на Дојче веле на македонски јазик

Фото: Илустрација