Живееме во време кога народот се повеќе е себичен и лаком за пари, неретко ги покажува и добрите страни на човештвото. Но има некој исклучоци.
Таков е Миодраг Јовиќ Шуќур од Лозница, познат угостител, каде што можеш да јадеш и кога ти се празни џебовите и кога немаш.
Каде и да отварал кафеана, имал практика на луѓето да им дава бесплатен оброк кога тие немаат пари и гладуваат. Така продолжи на новата локација каде што сега е домаќин на сограѓани и повремени патници.
– Ако човек е гладен и нема да плати, ќе добие бесплатен оброк од мене. Може да јаде супа, грав, секое готово, зготвено јадење, само што нема да добие алк охол.
– За жал, има луѓе кои живеат тешко, се наоѓаат во безизлезна ситуација и немаа за она основното а тоа е јадењето и тоа треба да го има секој.
– Може човекот да се процени уште кога ќе дојде, кога ќе го видите неговите очи сами говорат за тоа во кавка состојба е тој. Никој нема да го злоупотреби тоа.
– Тој бесплатен оброк не ми значи ништо, немам никаква загуба од него, а многу ќе значи задоволување на гладот. Секој што се нашол во ваква ситуација знае колку е тешко да гладуваш.
– А да немаш пари да платиш парче леб – вели Јовиќ, кој долги години е угостител, претседател на МЗ Трбушница, спортски фудбалски работник и советник во општината во Лозница.
Како што вели, меарк е да се помогне на човек во не волја и да се нахрани гладниот. Се случуваше некој да јаде без да плати, но по неколку дена се враќа и ги донесува парите.
Јовиќ, како што вели, на таквите им се заблагодарил за гестот, но не ги земал парите.Вели дека на нив им требаат повеќе.
Инаку, тој е голем љубител на фудбалот, а кога Србија учествуваше на Мундијалот во Русија, пред три години, на Фејсбук објави дека ако станеме светски шампиони, ќе има бесплатна храна и пијалоци еден месец, но знаеме што се случи.