Војчо од делчевско остана на улица, во пожар му изгоре и куќата и парите

  • By klaster1
  • јули 18, 2021
  • 0
  • 1574 Прегледи

Без кров над главата останал синоќе Војчо Атанасов од делчевското село Град, во пожар тој изгубил се што имал и што створувал.

Тој бидејќи спиел за време на пожарот, за да избега од пламените јазици Анастасов бил принуден да скока преку прозорецот.

Зад себе изгорена ја остави целата покуќнина, малата заштеда од 10 илјади денари и сите лични документи поради што денес побара помош од хуманите граѓани за повторно да застане на нозе, велат од ,,Делчево365,,

-Спиев кога се зап али куќата од струјата. Сега немам ништо, ми изгоре се, лична карта, облека, кревет, телевизор, материјал за куќа, се е изгорено.

Во гаснењето помогна селаните, дојдоа и возила од противпожарната единица, имаше три возила и почнаа да гасат, но пожарот бргу се ширеше, рече Анастасов.

Прв напомош на немоќниот жител му притрчал соседот Душко Анастасов, кој потоа му понудил да преспие во нивниот дом.

-Бевме во близина, работевме на една друга куќа, видовме црн чад, а потоа и дека целата куќа гори. Се јавив на мој братучед кој е пожарникар, потоа дојде и пожарното возило и понавме да гасиме.

Војчо се што имаше беше внатре во куќата се што творел цел живот. Немаше ни каде да спие, спиеше кај мене синоќа, рече Анастасов.

Денес заедно Душко и Војчо го посетиле Центарот за социјални работи, од каде добиле ветување дека ќе му се помогне со парични средства кои го следуваат за ваков тип на незгоди.

-Во однос на помошта знаеме дека така лесно не се стигнвуа до пари, затоа апелираме ако може да се исчисти местото, барем една соба да се направи, за да има каде да живее.

Има фирми кои работат добро во Делчево, се надевам ќе донираат, а нешто ќе даде општината и дијаспората. Засега има најава од наш човек во странство кој рече дека ќе гледа и таму да соберат некоја пара, вели соседот Душко Анастасов.

Сосетката на Војчо, Нада Анастасова вели дека треба да му се помогне, бидејки да се биде бездомник и да се остане на улица туку така е многу тешко.

А уште потешко е што Војчо нема алишта, нема јадење, а и нема со што да си купи бидејки и пари му изгореле во пожарот.

На исто мислење е и соседот Спаско Спасев кој вели дека Анастасов е невработен и без никаква можност сам да се снајде.

-Сам живее, ова му беше живеалиште, овде имаше стар кревет, алишта, сега нема ништо. Инаку работлив човек е земјоделец, сточар, чува неколку кози. Еден апел до сите кој со што може да помогне да му се изгради кров над глава, рече Спасев.

Од Центарот за социјални работи потврдија дека по завршувањето на процедурата Анастасов ќе добие парични средства во висина од 30 илјади денари.

Тие пари го следуваат за природна непогода, додека најавија дека дополнителна помош ќе биде побарана од Министерството за труд и социјални работи.

Во очекување на поддршката од хуманите граѓани, Анастасов вечерва и во наредните денови ќе биде оставена на милоста на самите жители на селото кои првично најавија дека ќе му помогнат да ги преброди тешките денови кои му претстојат.

Она што сега му е најпотребно е да се расчисти опожареното место, а потоа да се најде начин да му се изгради просторија која ќе биде негов нов дом.