Едни од најпознатите македонски парови кој запловија во брачни води се секако Сара Мејс, која долго е на музичката сцена.
Како и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски, кој е присутен на ТВ екраните долги години и остави значен белег низ неколку емисии и квизови.
Македонската пејачка Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски го очекуваат своето второ дете. Веста ја објави Сара споделувајќи фотографија од ултразвук од бебето.
– Бебе број два. Ако ги броиме и Атос и Бела со Димитар, а треба, е тогаш е број четири, напиша Сара на својот Инстаграм.
Сара Мејс и Димитар Атанасовски станаа родители за првпат во 2018 година кога ја добија ќеркичката Илина, која сега има три години.
Овој пат Димитар беше гостин во емисијата ,,Без Компас” каде отворено зборуваше за неговите идни планови, како на приватен така и на професионален план.
– Можам да кажам дека Сара е сега многу поспремна за второто дете, сега за сега оди се добро. Јас не бев ниту свесен кога станав прв пат татко.
– Гледав како Сара го носи тоа дете девет месеци, и одиш во кафеана пиеш со другарите и се како што е редот, но кога дојде моментот кога го земеш во свои раци тоа мало парче ,,месо” се се променува.
– Како пошла работата уште само јас и Сара не сме се развеле од естрадава. Како што вели нејзинот татко ,,Ние се уште сме во медот”
– Од секогаш за мене најдобра водителка била Лила Филиповска, без оглед што зборат не била за на телевизија, стара била, она ова…