Водителката Додевска за вакцинацијата: Ред мезе – ред смеење – ред пијачки

  • By admin
  • јуни 11, 2021
  • 0
  • 309 Прегледи

Берта Додевска една од нашите најпознати водителки преку својот Фејсбук профил го сподели своето искуство од имунизацијата со вакцината Фајзер.

„Јас и реакција на имунизација. Пред првата доза се’ ми беше по протокол: Вежбав цела недела во теретана за да не одам после вакцинирање неколку дена! Бев и на Водно! Јадев само протеини цела недела (така требало) а дури и пивце одбивав, не па винце.

Легнував 3-4 дена во 23:30 а вечерта пред вакцинирање дури се убедив – мора да се заспие во 23:00. Демек супер одморена, за да немам реакција

– И после прва вакцина од истиот момент следните 4-5 дена не можев раката да ја подигнам. Ме у би од бол ење левото рамо .. до толку што не можев крпа после туширање да држам. Јас денес на втората дозa.

Вчера викам – и онака сите се жалат дека полошо поминале со втората Pfizer, па уд ри на весеље. И коа му седнавме во Oeno bar на Кеј – од 17:00 до 22:00. Ред мезе – ред смеење – ред пијачки и пак од почеток..

Сабајле им викам на вакцинирање – терајте втора доза на десно рамо ве молам. барем рамномерно да е. И онака се спремам се’ да откажам за денес.

И еве ме десетина саати подоцна.. не-за-ста-нав Тотално заборавив дека се ревакцинирав. Десното рамо супер .. едино пред дождот, сега ми текна – левото рамо ме штрекаше уствари на местото на првата вакцина.

Ама го игрнорирав. – ИН АНТИТЕЛА ви траст“, напиша Берта Додевска.