Влез во државата каде што живеат и работат многу Македонци само со вакцина

  • By klaster1
  • јули 10, 2021
  • 0
  • 6606 Прегледи

Малта ќе им забрани на сите невакцинирани посетители да влегуваат во земјата од среда, најави министерот за здравство, Крис Ферн.

Негативен тест за вирусот повеќе нема да биде доволен за да може да се премине границата на овој мал медитерански остров.

„Ние ќе бидеме првата земја во Европската унија што ќе донесе оваа одлука, но мора да го заштитиме нашето општество“, рече Ферн на денешната прес-конференција.

Тој вели дека откако се регистрирале двојно повеќе заразени лица на Малта секој ден отколку претходниот месец на островот.

До денес, туристите можеа да влезат на Малта ако се целосно вакцинирани или ако можат да презентираат негативен тест за PCR.

Единствен исклучок се британските туристи, кои веќе мораа да бидат целосно вакцинирани поради распространетоста на варијантата делта во нивната земја. „Сертификатите важат само за оние кои биле целосно вакцинирани“

Ферн рече дека неодамнешното зголемување на бројот на нови случаи е меѓу посетителите кои иако имале негативен тест пред да се качат во авионот, биле невакцинирани.

Повеќето се млади кои посетуваат училишта на англиски јазик. Тие училишта има најави дека ке се затворат од среда, и ќе има онлајн настава.

Инаку Малта е држава каде што многумина македонци престојуваат на сезонска или стална работа, а истотака овој остров е актуелна дестинација за одмор на за многумина нашинци.