Влатко Лозаноски откри зошто го држи приватниот живот толку тајно

  • By klaster1
  • мај 18, 2021
  • 0
  • 408 Прегледи

Влатко Лозаноски е еден од најталентираните и најуникатните музичари кој се појавиле на македонската музичка сцена, и секогаш плени со својот настап и енергијата која ја остава.

Тој неодамна извади и нова песна ,,Вардаре,, која се надева ќе допре позитивно до публиката, а и спотот кој кога ќе го погледнете останувате без зборови.

– Оваа песна е дел од проектот ,,Километри,, ја имавме уште од периодот кога се снимаше ,,Километри,, и дури сега ја објавивме и ќе биде дел од нешто посебно.

– Спотот беше започнат да се снима лани Март месец некаде кога навлезе вирусот. Па потоа моравме да го прекинеме снимањето на неодредено време. Лазар и Магдалена Цветковска се задолжени за текст додека.

– Во работата на спотот и негова финална промоција учествуваа многу актери и лица кој би сакал да им се заблагодарам. Екипата што победува не се менува, така да очекувам идна соработка со сите овие ликови.

-Во сите песни гелдам да дадам максимум од емоции, така беше и со оваа. Морам да признаам дека до сега имам многу позитивни коментари, а истотака и од дијаспората каде ја слушаат. Во скоро време очекувајте многу нови проекти.

Досега многу малку се знае за приватниот живот на Влатко, па така екипата на ,,Бекстејџ,, се обиде да ископа некој детали, а тој им одговори:

– Гледам колку толку да го држам прватниот живот настрана и да си го чувам само за мене, дури и вие новинарите некогаш успевате да најдете некој детал поврзана со мене.

Секако тоа е интересно и за вас и за публиката , но ќе оставам тоа нека биде мистерија и енигма, вели популарниот Лозано.