Владо Јаневски откри за кого е посветена новата песна, но остави и една енигма

  • By klaster1
  • мај 12, 2021
  • 0
  • 396 Прегледи

Кога и да се спомене името на Владо Јаневски, стиховите и неговите евергрини, веднаш започнуваме да ги слушаме во нашите мисли.

Тој е човекот кој е миленик на многу генерации, Владо и во време на пандемија промовираше нова песна која има интересен наслов ,, Без тебе не ме бива,, , а за ,,Бекстејџ,, откри за кого е посветена оваа песна.

– Насловот е универзален, сите ние имаме некој кој ни недостига, некого без кој не сме комплетни, јас раскажав своја приказна.

– Како јас се чуствувам кога некој што многу ми значи не е до мене, а има таква личност во мојот живот но неможам а ја откријам.

– Идејата за текстот е секогаш прва кај мене па после се друго, ако немаш добар текст се друго е попусто, и на крај здравје да испадне добра песна.

– Првичните коментари не стигнваат до мене, јас тие коментари и тоа дали песната успеала ги дознавам на концерти

– Сега поради пандемијата имам многу носталгија кон настапите и концертите ми фали тоа ми фали тој живот.

– Тоа е дел од мојата професија и тогаш кога сум на бина сум наjсреќен. Се надевам кога ќе помине сето ова ќе држиме концерти.

– Кога ќе заврши ова ситуација, прво што ќе направам е што ќе изберам една далечна дестинација, под палми, песок некоја егзотична дестинација, таму би заминал да си ја одморам душата.