Владо: Заминав за Германија и воопшто не се срамам од ова што ќе ви го кажам

  • By admin
  • мај 13, 2021
  • 0
  • 3213 Прегледи

Секоја му чест на тој што ќе ми каже дека кога отишол во туѓина на печалба се препородил. Како да му почнал нов живот во кој парите паѓаат од небо и живее во луксуз.

А тој луксуз всушност се покажува само кога ќе се вратат дома. Немам ништо против тоа, и јас сум еден иселеник, но животот тука воопшто не е таков како што некои луѓе го претставуваат.

Јас веќе една година живеам и работам во Германија, во едно село близу Минхен. Заминав од беспарица. Фамилијарен човек сум, имам две деца од кои едното оди на училиште, а другото в година ќе тргне.

Иако уште од 20 години работев во една фабрика, сепак немавме доволно пари за да ги изрржуваме децата. Неизвесноста од немање пари пред да тргне поголемиот син на училиште ме натера да одлучам да заминам во Германија на работа.

Се плашев дека нема да можам да му овозможам сè што му треба, и така едвај си дозволував некои ситници. Ми беше многу тешко кога заминав, не сакав да ја оставам сопругата сама да се грижи за куќата и децата, но немавме друг излез.

Сепак се надевав дека еден ден ќе можам да ги одведам и нив таму и тоа ми беше најголема утеха. Таков живот дојде што веќе секое второ семејство е иселено во странство.

Не се плашев од работа, не се плашев дека нема да се снајдам со јазик или сместување. На почетокот беше тешко навистина, како и секоја промена. Имав еден близок пријател кој веќе живееше таму и ме снајде со стан и работа.

Немам никаков занает и единствена опција ми беше да се вработам во една градежна фирма. Тешка е работата, по цели денови во секакви временски услови мора на отворено да се работи.

И кога пече сонце, и на дожд и на ниски температури, но ете, убава плата ми даваат и не сакам да се жалам и да се откажувам. Каде и да сум, мора да работам напорно, не сум образован како некои па лесно да заработувам.

Сите пари со пот ги заработувам, мора да си ја издржувам фамилијата. Многу сум среќен кога ќе им испратам пари на моите долу и ќе ми се јават децата целите радосни затоа што мајка им ги купила омилените патики или омилената играчка.

Тргам пари и настрана за да можам куќата да си ја средам, веќе почнав и реновирав неколку соби. Конечно децата си добија посебни детски соби. За сметка на тоа јас уште од почетокот живеам во една соба со цимер.

Толку можам да си дозволам да платам кирија, каде ќе ми биде крајот ако јас се ширам тука и живеам удобно и немам доволно пари да им испратам? Не ни планирам да го менувам станот, само ако некогаш и тие се преселат овде.

Така и ќе биде, јас се навикнав тука и гледам дека животот е навистина многу подобар. Можеби е поскапо од кај нас, но сепак знаеш дека имаш сигурна иднина и образование и здравство.

На тие пто заминуваат фамилијарно полесно им е, за нас самците е навистима тешко. Многу ми недостигаат сопругата и децата, но што да се прави.

Се дури можам ќе работам напорно. Млад сум, но сепак не можам да си дозволам да се шетам овде. Има некои знаат да искористат слободен ден и да заминат на шопинг или прошетка низ градовите, но јас не.

Не сакам и се случувало некогаш дополнително да работам и во слободен ден. Тоа ми останува, слободно може да ме осудувате ако грешам, но така е. Не сум човек што себеси се става на прво место, моите деца ми се најважни.

Еден ден ако даде Господ ќе дочекам малку раат и ќе се подослободам од работата. Само едно да си знаете сите што планирате да почнувате живот во странство – овде се бара само работа и работа, нема место за мрзоволни.

Обработил: Д.С. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од Кластер.мк