Вистинска реткост: Сопружниците Димитар и Деса од Штип прославија 50 години брак

  • By klaster1
  • јуни 22, 2021
  • 0
  • 1569 Прегледи

Скромно и во кругот на најблиското семејество сопружниците Димитар и Деса Додеви од Штип, викендов го прославија својата љубилејна годишница, прославија 50 години срќен брак.

Прилика уште еднаш да се потсетат на нивните почетоци, почетоците во љубовта, и како издржале заедно сиве овие 50 години.

Тој доагаше кај еден негов пријател често, јас го набљудував, вели Деса, додека па Димитар додава дека кога доѓал, свирел серенади.

– Доаѓав кај пријателот на серенади, таа не гледаше од прозорецот и така се запознавме, никој не не спои туку двајцата си пријдовме, вели Димитар.

– Ние бевме во врска некаде околу 3 години, и 1971 година, токму на роденденот на нејзе, се договоривме да започнеме брак.

Тие бракот како што велат го поминале скромно и достоинствено, со многу љубов, плод од нивната љубов е единствената ќерката Јованка.

– Тие се добри родители, се задоволуваа со малку и си го ценеа тоа што го имат не лакомеа, нивното мото беше ,,живеј за денес, утре за утре,, токму тоа и јас го практикувам во моето семејство и го зборувам секој ден, вели Јованка.

– Почитувањето е најважно тоа можам да го потврдам, пред се да се почитувате, имало и кавги и несогласности, но пред се почиувањето ке повторам, заклучува Димитар.

Баба Деса пак низ смеа додава, ,, тој е главен во куќата но мојот збор се слуша.

Рецептот на парот Додеви е испробан, слога, љубов и трпение се трите работи, со кој се надминуваат сите животни препреки.