Мај и Јуни познати како матурски месеци оваа година се позначајни за уште една генерација, која одбележува навистина редок јубилеј.
Денеска во дворо на штипската гиманзија ,,Славчо Стојменски” , поголем дел од генерацијата 1968- 1972 одбележаа половина век од матурата.
За повеќето од оваа генерација ова значи многу, огромно потсетување и вистинаска реткост во денешно време, потсетување за убавите години во едно друго време.
– Овој јубилеј ми значи многу, 50 години сепак не се малку, мило ми е што се видовме со луѓето после толку години и можевме да споделиме многу работи.
– Навистина е раритет да доживееш и да го славиш овој повод, тие 50 години значат половина живот. Убав начин да си ги видиш твојте соученици и да ги поделиш спомените, вели еден господин од златната генерација.
– Оваа прилика ја користам да кажам една мисла од македонскиот поет Михаил Ренџов кој пред десетина години на една ваква иста прослава кажа едно: Само младоста не се заборава, затоа што младоста е радоста на живеењето, додава тој.
Оваа генерација денес брои многу економисти, спортисти, новинари, музичари и доктори во пензија. На овој собир се потсетија на повќе училишни активности.
А особено преку спортските натрпевари за кој како што велат со нив им поминала младоста: Кај нас има од сите професии, доктори, економисти, бизнисмени.
– Овде во овој двор на овој кош го поминувавме времето, на другиот не игравме бидејќи беше премногу високи, велат тие присеќајки се на убавите моменти.
– Можам да кажам дека тогашните ,,баскети” што ги игравме беа повеќе посетувани отколку сегашните натпревари во некое првенство, велат тие пред камерите на ,,М-нет Телевизија”
На одбележувањето на овој јубилеј присутен беше и класниот раководител: За нив имам само пофални зборови, им посакувам здравје и среќа и да имаат убав живот, вели за крај класниот раководител.