Виетнамецот Ле кој се лекувал на Инфективна клиника во Скопје со јасна порака до докторите

  • By admin
  • мај 7, 2021
  • 0
  • 9295 Прегледи

Од почетокот на појавата на вирусот во Македонија постојано на Инфективната клиника во Скопје има пациенти,а во голем дел таа беше исполнета до последно место.

Секојдневно бројката на хоспитализирани и нови случаи варира, но се чини дека последниве денови по празниците трендот е опаѓачки.

На Инфективна клиника во Скопје покрај нашите, македонски граѓани се лекуваа и некои странски државјани, меѓу кои е и Фифи Ле, диригент кој живее во Скопје, но е од Виетнам.

Фифи Ле откако се изборил со вирусот и поминал десет дена интензивно лекување, тој излегува задоволен и радосен што ќе си оди дома, но изразува и бескрајна благодарност до тимот кој го лекувал, за големата грижа и посветеност што ја имале кон него, а се заблагодарува и лично до одредени доктори.

Ле се огласи на социјалните мрежи и преку својот личне фејсбук профил напиша:

„После 10 дена интензивно лекување во Инфективна клиника Скопје, денеска ќе можам да се вратам домче. Солзи од радоста!!!

Бескрајно сум благодарен на сите доктори, сестри и персонал на Државна Инфективна болница. Би се заблагодарил лично на: Д-р инфектолог Милена Стефановиќ- директор, Д-р Шопова Жаллина, Д-р Капсаров Коста, и мојот долгогодишен виетнамскиот пријател Д-р Нгуен Куанг Танг -‚ВИНМЕК’ болница, Ханој, Виетнам.

За нивната максимална ангажираност околу мене! Ви должам за вашата хуманост и љубов кон пациентите и воопшто човештвото во најтешкиот момент на пандемијата Ковид-19.

Искрен ваш, Диригент Фи Фи Ле. Вечно да живее пријателство меѓу Македонија и Виетнам“, пишува на фејсбук овој диригент.