(ВИДЕО) Ќерката на Елена Велевска пушти глас и издоминира, остави без зборови многумина

  • By admin
  • април 26, 2021
  • 0
  • 2919 Прегледи

Познатата фолк пејачка Елена Велевска е активна мошне на социјалните мрежи и знае често да привлече внимание.

Таа е родена да пее, да се изразува преку музиката, зошто тоа најдобро го знае. Родена е да ја споделува својата раскошна македонска душа со вас која во душата вистински ја познавате добрата песна.

Елена Велевска неодмана отворено проговори за моменталната ситуација во која се наоѓаат музичарите, но и за тоа колку македонскиот народ е желен за музика и забава после сите лоши моменти кои ги имаше во изминатиот период поради корона вирусот.

Елена Велевска, како и останатите музичари во земјава, периодов е без ангажмани, а своето слободно време го користи да се посвети на семејството и пријателите.

Народот не за џабе рекло дека гените се чудо. Поголемата ќерка на нашата фолк пејачка Елена Велевска, Софија заедно со својата мајка ја отпеа песната „Ој девојче, девојче“.

Велевска, со своите следбеници и обожаватели на социјалната мрежа Фејсбук сподели видео во кое таа и Софија ја пеат македонската народна песна, а тоа само потврдува дека девојката која веќе е тинејџерка го наследила талентот на мајка си.

Особено она што остава впечатот се вокалните способност на нејзината ќерка кои дојда до израз откако пушти глас и запеа.

Под видеото следеа бројни реакција, очекувано позитивни, а поддршка во коментари пристига од сите страни.