(ВИДЕО) Сузана Гавазова повторно издоминира: На Велигден објави голема новост

  • By admin
  • мај 2, 2021
  • 0
  • 1575 Прегледи

Сузана Гавазова и во време кога е без ангажмани останува една од најактивните, ако не и најактивна македонска пејачка.

Популарната Сузе во едно неодамнешно интервју за ИН ТВ зборува за нејзините планови, но и желби за годинава.

Една од желбите за 2021-ва година е да создаде нов хит, но најголемата желба како што вели таа е оваа пандемија на вирус засекогаш да исчезне.

-За 2021-ва година секако дека ќе подготвуваме нови песни и дај Боже да има пак некој хит, тоа ми е една од желбите, но мислам дека сеуште не можеме да размислуваме околу случувањата во 2021-ва, само да исчезне таа пандемија која преовладуваше во минатата година и мислам дека тогаш веќе ќе можат да се прават планови.

Оваа година ќе имаме сите една желба. Да исчезне пандемијата. Да се вратат насмевките на луѓето, да се обединат сите во едно и да се поддржуваме. Тоа е една од моите големи желби. Да сме здрави и живи, семејството да е цело на куп.-изјави Сузана за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, на почетокот од 2021-ва, Гавазова ја промовираше нејзината најнова песна насловена “Прстен несуден”, заедно со спот кој што го изработи ИН Продукција под режисерска палка на Даниел Јовески.

Но Сузе тука не застана па денес на големиот верски празник Велигден повторно ги почасти своите фанови со една голема новст.

Имено Гавазова ја промовираше својата нова песна со видео запис насловена како „Аманет“.

Спотот е снимен на неколку локации и нуди одлични кадри а фановите и тоа како позитивно реагираа.