Старите луѓе како што е познато меѓу народот, имаат мудрост. На нив им е доверено да го пренесуваат искуството на животот, историјата на семејството, заедницата, народот.
Според некои истражувања постарите генерации се многу посреќни и повесели од помладите. Податоците од Светската здравствена организација од 60 земји покажуваат дека среќата се искачува на врвот на 82-годишна возраст.
Среќата на стари години се гледа во тоа што луѓето ги промениле високите очекувања од нивната младост и сфатиле дека животот е прилично добар таков каков што е.
Иако макот рпната работа цел живот ги исцедува луѓето и на стари години едвај успеваат да се грижат за себе и се на различни лека рства сепак постојат и такви што уште се „држат“ како помлади.
Видеото од една старица која според авторот има 93 години предизвика општо воодушевување и чудење како е можно жената да е толку витална на таа возраст.
„Боже, дај на оваа жена уште еден живот угоден на Бога“, „Да е жива и здрава“, „Тешко е да се доживее, тоа е голема гордост“, „Бабо да си жива и здрава“,
„Бабата е за Гинис“ – ова се само дел од коментарите на луѓето кои не можеле да го сокријат својот ентузијазам за виталната баба.
Но, меѓу коментарите имаше и такви кои ја ос удија оваа постапка на авторката на видеото, посочувајќи дека „подобро и помогнал отколку да снимал“.
– „Секоја чест за бабата, а тој што снима – хоро р“, „Мајко мила, тие што навиваат и се сликаат нека косат трева“,
„Почит кон бабата, а тој што снима да се фати за работа“, „Земи го и коси, остави го телефонот “, “Честитки за бабата! Не ти е жал што ја гледаш како носи и коси додека ја снимаш и си смешен” – ова се дел од коментарите што луѓето го дофрлаа на снимателот.