(ВИДЕО) Огнен Јанески објави снимка од спасувањето од страна на пожарникарите

  • By admin
  • април 29, 2021
  • 0
  • 555 Прегледи

Секојдневно сме сведоци на бројни хумани потези од стран на граѓаните, но и од надлежните служби. Веќе повеќе од година дена се наоѓаме во период во кој полицијата, брзата помош и пожарната се со зголемн обем на работа.

Причината е добро позната, е тоа е вирусот кој се уште не може да се стави под контрола.

Новинарот Огнен Јанески од Телевизија 24 во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи сподели еден емотивен и воедно голем потег.

Имено тој и неговата колешка повикале пожарна, а по интервенцијата која е снимене и објавена, Огнен изрази јавна благодарност во која што вели:

-Еве, јавно да ги пофалам Пожарна Скопје за спасувањето на мачето кое исплашено седеше многу високо на дрво.

Kај нас во дворот на Телевизија 24, а ние не можевме да го симнеме од синоќа.

На колешката Билјана Секуловски и’ рекоа дека штом најдат десет минути слободни во периодот на неколку интервенции кои ги имале денеска, ќе дојдат и дојдоа.

И за пет минути мачката беше симната. Браво пожарникари за сите денешни интервенции, но и за ова. Видеото од акцијата може да го погледнете тука.