(ВИДЕО) Наум Петрески се огласи со илјадници емоци и голема благодарност

  • By admin
  • август 6, 2022
  • 0
  • 314 Views

Наум Петрески е добро познато име на целокупна македонска јавност, еден од најдобрите македонски фолк пејачи кој на сцената опстојува долги години.

Роден е на 7 декември 1966 година во Охрид. Детството и дел од возрасните години живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство.

Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

В четврток Наум го имаше долго очекуваниот и најаува Концертна промоција на албумот “Најдоброто од Наум” – 35 години НАУМ

Овој проект има вистинска вредност и уметничка тежина кои се од големо значење за одржување на македонската народна музика најавија од продукцијата и притоа во најава на истиот кажаа:

”Најдоброто од Наум “ кое содржи дел од неговите најпознати хитови, со концертна промоција започна во Битола, па ќе следат Охрид и Скопје

По настапот во Битола се огласи Наум преку својата фејсбук страница каде што ги сподели импресиите и испрати благодарност:

Прекрасна атмосфера, илјадници емоции, Ви Благодариме Битола. Се гледаме на 11ти август во Долни Сарај Охрид! Карти достапни на www.NaumPetreski.com или на влез на концертот.

Голема Благодарност до Зуица Лазова, Владимир Поповски, Менде Куновски, Татјана Стефановска, Група Боеми Битола, Милован Секулоски, Гоце Димовски, Љупчо Соковски, Новица Соколовски, Дарко Илиевски, Никола Автовски, Дејид Демир, Ратко Даутовски, Ставре Ставрев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *