(ВИДЕО) Лео, синчето на Филе Топки стана актер на мали години во познат филм: Шармираше многумина

  • By admin
  • ноември 16, 2021
  • 0
  • 430 Views

Своевремено еден од најдобрите македонски спортски новинараи, Игор Филиевски познат како Филие Топки веќе низа години живее и работи надвор од Македонија.

Откако Филе Топки мина извесен период од животот во Барселона, Шпанија тој се вдомин во Малта каде што живеат и работат голем број Македонци.

Филе е доста активен на социјалните мрежи, а тој со својата сопруга Весна го имаат синчето Лео

Токму нивната најголема гордост ги направи уште посреќни и им даде уште една причина да бидат горди.

Имено Лео учествуваше во снимање на филмот “Мистериите на Мадам Блан” кој сега е пуштен во етерот, а за тоа тато Филе напиша:

И ете го во првата сцена…Мистериите на Мадам Блан” (2021)

И првата посериозна улога на глумецот наш Македонски Второ Колено од Прв Витешки ред Медитеранец, Лео Филевски Витанова.

(после четирите претходни активности, 3 реклами и 1 филм, како бебе) Царче мало, хехехе… дури и сам себе се изненадив како добро одглуми

Малиот Лео се појавуа во втората епизода од “Мистериите на Мадам Блан” и ги освои симпатиите на гледачите.

Филе исто така на својот профил сподели фотки од време на снимањето на филмот, поточно од зад сцената и притоа доби честитки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.