Кога Наум Петрески настапува забавата и атмосферата секогаш е загарантирана. Неговите песни и хитови се едни од најслушаните, како кај нас, така и во дијаспоратат кај нашиниците.
Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот.
Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други.
Како што е познато Наум е оженет со познатата македонска фолк пејачка Зуица Лазова.
Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал и многу концерти ширум светот, особено онаму каде што живеат Македонци, во Австралија и Америка.
Родеум е од Охрид а детството и дел од возрасните години живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство.
Кога ќе се спомене името на фолк пејачот Наум Петрески, веднаш буди спомени и емоции кај многумина, особено кај неговите обожаватели и фанови.
Еден од најпознатите и најпопуларните фолк пејачи кај нас без сомнение е Наум Петрески кој од своите два брака има три ќерки и еден син, Анастасија, Сања, Македонка и Стефан.
Најстарата од нив, Анастасија Петреска, тргна по стапките на својот познат татко и веќе е успешна пејачка во Македонија, но во последно време повеќе се има посветено на мајчинството додека својата музичка кариера ја остави на страна.
Неодамна Наум во опуштена атмосфера на софра со чашка во рака и во друштво на своите колеги Миле Кузмановски, Спасен Силјаноски и Цаки Кисми реши да запее една изворна македонска песна.
Цаки Кисми го снимаше и објави, а видеото веќе го видоа многу луѓе и собра голем број реакции, едноставно многумина не можеа да останат рамнодушни.