(ВИДЕО) Д-р. Сузана со емотивно видео во спомен на Д-р. Трајче Нешкоски

  • By admin
  • јуни 5, 2021
  • 0
  • 628 Прегледи

Плакетата “Св. Наум Oхридски” за 2020 година Лекарската комора ја додели постхумно на д-р Трајче Нешковски, доктор од ЈЗУ УК за пулмологија и алергологија.

Плакетата ја врачија претседателот на ЛКРСМ, проф. д-р Калина Гривчева Старделова и д-р Сузана Арбутина од Клиниката за пулмологија и алергологија, а во име на д-р Нешковски ја примија најблиските од неговото семејство, сопругата Ема Нешковска и неговиот татко д-р Јован Нешковски.

„Д-р Нешковски беше млад лекар во подем, со голем потенцијал, исклучителен капацитет и со искрена и посветена желба за работа.

Прераната см рт застана на патот на неговите нови успеси и победи, но сепак д-р Нешковски останува светол пример од кој младите лекари треба да учат за тоа што значи да се биде доктор“, рече проф. Д-р Даница Поповиќ Моневска, претседател на Комисијата за доделување на награди на денешниот настан по повод одбележување на Денот на Лекарската комора.

Плакетата “Св. Наум Охридски” се доделува традиционално на Денот на Комората и претставува највисоко признание на Лекарската комора кое се доделува за особени постигнувања во областа на здравството на доктори кои се истакнале со совесно и одговорно извршување на лекарската професија.

Кои оствариле особено добри резултати во лекувањето на пациентите и се стекнале со доверба кај нив, но и кај колегите, и кои доследно се придржуваат кон принципите на медицинската етика и Кодексот на медицинската деонтологија.

Лакарска комора на Македонија на фејсбук сподели објава во коај се вели:

Д-р Сузана Арбутина од Клиниката за пулмологија и алергологија на денешниот настан по повод одбележување на годишнината од формирањето на Лекарската комора даде осврт кон тоа кој беше Трајче Нешковски, добитник на Плакетата “Св. Наум Охридски”, како лекар, пријател, човек…

Наместо говор, д-р Арбутина подготви видео за д-р Нешковски со кое преку фотографии, смс пораки и лични доживувања ги потсети оние кои го познаваа колку голем човек беше тој, а на останатите им овозможи да го запознаат.

Благодараме на д-р Арбутина за видеото, кое го споделиваме за да може да го видат и оние кои не беа во можност да присуствуваат на настанот.