Ветено – сторено: Аце од Штип со нов голем потег, изгради куќа на уште едно семејство

  • By klaster1
  • јуни 12, 2021
  • 0
  • 560 Прегледи

На 20 ти март оваа година хуманитарецот Александар Георгиевски ја започна својата мисија за помош на семејството Давиткови од село Ерџелија- Свети Николе.

Првичната слика од куќата беше многу лоша, и немаше никакви услови, дури и многумина не веруваа дека ќе се успее, но Аце го направи спротивното, се е возможно кога се сака.

Тој во март стапи во контакт со градоначалникот на Св Николе Сашо Велковски, истотака побара помош и од хумани граѓани. Тој ангажираше мајстори и со цел денеска госпоѓа Виолета заедно со нејзинот сопруг и син живеат во среден и дом со услови за живот.

– Затекнавме куќа при распад, беше во многу лоша состојба, јас веднаш се ангажирав исконтактирав со градоначалникот, тој се стави на располагаѓе, истотака екипа од комуналното.

– Собравме мајстори работници кои секогаш се тука за помош и еве го резултатот после два месеци, со дела а не со зборови, вели Аце.

– Сведоци сме дека многу семејства особено во оваа пандемија, западнаа многу, но ваков потег Св. Николе не беше доживеал. Ние како општина се ставивме на располагање, но уште едно големо благодарам до Аце и неговата екипа кој да не беа немаше да се случи овој хуманитарен гест, вели таткото на градот Велковски.

– Навистина ти се полни срцето кога работиш вакво нешто, да помагаш на тој што нема, да му подадеш рака кога му е најпотребно, вели Љупчо, еден од мајсторите кој работеа.

Градоначалникот додели благодарници на мајсторите вклучувајќи го и Александар, кој вети дека овде нема да застане и ќе помага на други.

Сега семејството Давиткови ќе можат мирно и безгрижно да живеат во овој топол дом, а нејзина желба е нејзиниот ин да може да добие соодветно лекување и да застане на нози.