Весна од Германија за свекорот и свекрвата во Македонија: Така убаво не изиграа што никогаш нема да го заборавам

  • By admin
  • октомври 10, 2021
  • 0
  • 7422 Views

Кога сме мали нормално е и знаеме дека ни треба помош од нашите родители за секоја работа. Но и после кога сме веќе зрели и независни луѓе очекуваме или барем бараме помош и поддршка во некоја ситуација.

Па знаете сите колку почесно е на пример кога живеете со вашите или родителите на сопругот и сте сигурни дека ќе има кој да внимава на вашите деца кога сте на работа, има кој да ви помогне околу домашните работи.

Иако сите млади денес сакаат да се одвојат од старите, сепак од голема помош е да ги имаш до себе. Тоа барем јас најмногу го разбрав.

Со сопругот уште во првата година од бракот се иселивме во Германија за поголеми плати највеќе и тогаш млади не бевме ни свесни за последиците.

Сакавме само да немаме проблеми зашто слушајќи од други парови коишто секој ден имаат кав га со старите ние не сакавме да ни се повторува истото.

Си мислевме дека е подобро настрана, така повеќе ќе се почитиваме. Моите родители одамна еден по еден заминаа од овој свет и не сакав ни со овие да си го расипувам односот.

Арно ама, после 8 години и тие си го покажаа вистинското лице. Навистина ме разо чараа. Сопругот не ми го оправдува однесувањето, мисли дека намерно правам така само за да ги скарам и да не одиме веќе кај нив.

Вo Македонија секогаш си одиме двапати годишно, освен ако некогаш навистина не можеме. И секојпат кога сме долу со старите многу убаво си поминуваме. Па нели најмногу за нив одим,е, да ги видиме, да ги видат децата да се изнаиграат со нив.

И поклони им оставаме, неретко и пари зашто што нивните пензии тешко се минува месецот. И сега тие така убаво не изиграа што никогаш нема да го заборавам. Ние во Германија уште под кирија живееме.

Никако не стигнува за да заштедиме повеќе пари за нов стан или куќа што ќе е наша. Не сакаме да земаме кре дити сè уште зашто се плашиме да не успееме да го исплатиме.

Едното дете веќе оди на училиште, другото во градинка и не можеме никако да постигнеме за се. Еден куп трошоци, една плата оди за сметки, другата за децата и за јадење.

Не дека ни е многу лесен животот, ама ете, како што гледам подобро е од Македонија, барем уште имаме надеж. Минатото лето отидовме дваесетина дена на одмор во Македонија и освен дома и до Скопје, не мрднавме никаде.

Големи штедачи сме со сопругот. Дојде време и за зимници правење, ги гледам свекорот и свекрвата се изредија кај сите соседи, им помогнаа да направат ајвари, лутеници, пинџури, така си правеле тие, кога еден прави цело маало оди да му помага.

Браво им викам, значи кога ќе правиме за нас ќе има кој да помага. Се договоривме една недела да правиме лутеница и ние, викам децата не јадат луто ќе треба друг ден одново да правим,ако ми ве свекрвата не е проблем ќе го направиме и тоа.

Ништо, дојдоа соседи се собравме, го направивме за брзо. Си минуваа деновите, ај до братучедите, ај до пријателите да се видиме и дојде денот за заминување.

Се собравме и свекрвата од 30тина тегли ни испрати 4 – 5, ај си викам да не се расправаме сега за повеќе, ќе и речам натаму да ни направи десетина тегли ајвар па со лутеницата таман ќе имаме.

А сами се, не дека ќе го изедат целото, но ајде, се виде дека не сака повеќе да даде. Ако верувате првпат да земам нешто зимница за во Германија, како помали децата не јадеа ајвари и повеќе купена храна јадевме, ни сум сакала да правиме да носам ни па да им земам, можеби една тегла и ништо повеќе.

А сега и си побарав ајвар, најмногу за децата, поголеми се и сакам да ги научам да јадат зимница – подобро е од крем и маргарин секако.

Си заминавме, сè убаво по пат и по некој ден се слушаме со старите на интернет и и викам на свекрвата ако се слободни да ни направат барем десетина тегли ајвар и да ги пуштат по превоз.

Греота ми се децата да не гледаат ние кога ќе јадеме. Туку ја фледам нешто се мисли се вртка, не знае што да ми каже, па вака па рака сестра и ја викнала да и помогне, сосетката ја викнала, ќе видела кога ќе има време.. еден куп изговори, и како првпат да треба нешто да испраќа по превоз ми вика срамота е од луѓето како ќе однесеме цела гајба тегли по автобус.

Гледате дека ги на паѓаат луѓето кога носат толку багаж, срамота е. Вели не ти ветувам, ќе видиме ќе гледам да направиме, ама после една недела. И си помина таа недела, и две и цел месец и веќе ни ајвар ни ништо не барам.

Ќе се стегам за друго ама за една тегла сигурно ќе имам да купам. Толку ме изнервира, можела да помага на други а за своите деца не може.

Не и оставивме пари предвреме, можеби за тоа е. Ама стварно ме зачуди нејзината постапка, веќе не и се молам за ништо и се слушам само по потреба. Убаво ме изигра овојпат

Автор: А.Л. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да се превзема без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.