Венчо од Пробиштип: Ако ги купам сите лекови, останувам без денар, се обратив за помош но не добив одговор

  • By klaster2
  • мај 29, 2022
  • 0
  • 513 Views

Венчо Ефремов од Пробиштип скоро секој ден од животот го поминува во солзи. Тој како многу мали децата како самохран татко ги остава во дом за деца без родители.

Денес се кае за истото, но неможе да го исправи истото. Тој е многу бо лен, едвај преживува а својата животна сторија ја раскажува пред камерите на ,,Срце на Дланка”

Како и сите нормално Венчо се жени и создава семејство, му се раѓаат ќерката Марина и синот Виктор, но на многу мали години нивната мајка ги остава и не сака никогаш повеќе да ги види.

Венчо е приморан да ги остави во дом затоа што не се чуствува сигурен сам да расте две деца кој постојано ја бараат мајка си.

Како што вели поговорката ,,Мајко роди ме со ксмет и фрли ме на бу ниште” па така и децата на Венчо ќе заминат кај личност кои ќе им овозможи живот кој овде го немале, а денес тие се изградени личности со свој семејства, за разлика од Венчо кој е осамен и живее во лоши услови.

Тој денес нема ниту за лекови ниту за храна. Венчо пораснал во Пробиштип, имал скормен живот, а целото внимание го вложил во семејството.

– Мајката ги остави и замина во Каменица, немам контакт со неа повеќе, децата та гуваа по мајчинска љубов, не можев да и ја пружам.

– Морав да ги дадам во домот за деца без родители. Јас не се откажав од децата, јас се уште контактирам со нив и ме сакаат.

– Тоа беа тешки моменти за мене, но денес децата ме разбираат за таа постапка и не ми се лу тат. Јас едноставно не можев да им ја дадам мајчинската љубов која ја бараа тогаш.

Венчо е поранешен рудар, кого пов редата ќе го направи неспособен за работа и ќе го натера да оди со доста потешкотии.

Ако ги купам сите лекови, останувам без денар, се обратив за помош но не добив одговор, ги приложив фискалните сметки, но тоа не било доволно, вели Венчо.

Од минималната инва лидна пензија не му останува ништо бидејќи лекарствата се доста скапи. Па така тој кога ги купува сите лекови приморан е да јаде бајат леб, вели тој за ,,Срце на дланка”

– Се надевам со Бог напред и со помош на хуманите граѓани ќе заминам во Скопје да се лекувам, бидејќи ова од ден на ден станува се полошо.

Доколку сакате да му помогнете на Венчо Ефремовски да продолжи со лекување и да си го подобри животот тоа може да го направите на телефонскиот број 076-872-530 или на трансакциската сметка 210501724349358 НЛБ банка

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.