Венко Филипче се пофали пред неколку моменти: Добивме уште една добра вест попладнево

  • By admin
  • мај 11, 2021
  • 0
  • 6414 Прегледи

Како што е веќе добро познато, Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека почнувајќи од утре, 12 мај 2021 година на сила ќе стапат новите мерки кои ги усвои Владата на денешната редовна седница:

-Полицискиот час започнува од 24:00 часот, а трае до 04:00 часот наутро наредниот ден.Дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.

Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, напиша Филипче на Фејсбук.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 303.574 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 13.076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.033 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 145.043 дози вакцини, од нив 121.181 граѓани се вакцинирани со прва доза, а ревакцинирани се 23.862 граѓани. Со последните бројки 35% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.

Филипче пред неколку моменти повторно се огласи преку својот профил на фејсбук каде што напиша:

Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека.

Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.