Венко Филипче му згрме на Владиката Петар: Крајно разочарувачки за мене

  • By admin
  • април 29, 2021
  • 0
  • 1058 Прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва се огласи на својот профил на фејсбуку и видно лут напиша:

Неразбирливи се ставовите на Владиката Петар, а уште помалку реториката со која ги отфрла препораките за заштита од коро на вирусот за време на велигденските празници.

Почитуван Владико, како верски авторитет вие треба да бидете пример и први да застанете во заштита на здравјето на граѓаните. Вие први не треба да дозволите да ни се повторат грешките од минатото.

Зачудува вашата негрижа за можните последици и риз иците кои ги носат одредени верски обичаи. Додека останатите верски институции во соседството и пошироко ги преземаат сите мерки прилагодувајќи ги обичаите, вие го правите спротивното.

Моите лични напори да обезбедиме дијалог и заеднички став за тоа како да го заштитиме населението за време на празниците очигледно за вас ништо не значат.

Сакам да ве потсетам дека во соработка со верските заедници, предложивме протоколи и мерки кои овозможуваат верниците да го прослават празникот намалувајќи ги риз иците од ширење на вирусот.

Крајно разочарувачки за мене, но верувам и за многу граѓани е вашиот игнорантски однос кон овие обиди за соработка, но пред се кон безбедноста на граѓаните.

Како што многу пати повторувам во последната година, битката со вирусот е заедничка и секоја алка во тој синџир на одговорност мора да функционира.

Апелирам граѓаните да бидат максимално одговорни за време на празниците и да ги почитуваат мерките за заштита.