Македонците во Австралија претставуваат една хомогена целина, веќе афирмирана и често посочувана како пример по својата организираност и активност и меѓу Австралијанците и другите етнички групи.
Тоа особено е изразено во македонските православни црковни општини, кои се вистинско огледало на нивните активности, односно духовни, културно-просветни и забавни центри за македонскиот народ и за новите генерации од македонско потекло.
Михаил (Мик) Велоски е роден во 1924 година во село Градче, Егејскиот дел на Македонија, Во 1925 година, кога имал една година, неговиот татко емигрирал во Австралија.
Тој растел покрај неговите баби и дедовци кои постојано му велеа: „Никогаш немој да заборавиш дека ние сме Македонци“. Мик Велоски е еден од основоположниците на македонската заедница во Австралија.
Во 1931 година, неговиот татко се вратил дома, изградил куќа и година дена потоа се вратил во Австралија. Веќе, во 1935 година го преселил целото семејство во Перт, каде одел на училиште.
После 3 години, неговиот татко по чинал и тој го напуштил школото и започнал да работи за да го издржува семејството. Во интервју за македонска радио програма во Мелбурн, Викторија господинот Велоски зборуваше конкретно за почетоците во Австралија, но и за краткиот живот во Македонија.
– Јас дојдов во Австралија кога бев млад, но за жал татко ми поч ина и останавме јас мајка ми и и сестра ми, имав околу 10 години кога дојдов тука.
Во с. Градче кое е мало село имаше една горна маала и долна маала. Меѓу горна и долна мала имаше мала река, народот слабо економски живееше а истовремено немаше слобода, имаше голем при тисок од не пријателите кои беа Бугарите и Грците.
Тие викаа оти ни е мајка Бугарија и тоа беше грешно. Македонскиот јазик беше стро го забра нет, настојуваа да викаат бугарски јазик, многу строг а грчката полиција беше против македонците. Тие велеа не е македонски, туку бугарски јазик.
Кога ќе размислам каков прит исок нашиот народ трпеше од не пријателите ми иде да заплачам. Тие бараа да го избришеме македонскиот идентитет, а тоа никојпат нема да се избрише ние постоевме и ке постоиме.
Дојдовме во западна Австралија со една друга фамилија, на Илија Малков од село Шиштево, егејци, дојдовме со брод. Заедносо Илија Малков бевме активистите кои ја формиравме македонската заедница.
Кога дојдовме ние се почнавме, пред тоа немаше никаква организација и кога заврши вој ната формиравме македонско-асвтралиски народен сојуз (МАНС) истовремено почнавме весник Македонска искра заедно со Илија Малков, Киро Ангелков, Стојан Сарбинов, раскажува Мик.
Сојузот го формирале во 1946та година преку кој донеле одлуки: да се формира комитет за отворање болница, да се отвори првиот весник Искра и да се отвори раедиото 6ХУ.
За време на Втората светска в ојна, Мик Велоски како и многу други млади Македонци стапил во австралиската вој ска и служел во австралиското во ено воздухопловство што било навистина неверојатно.
На почетокот на 1948 година, Мик Велоски со своето семејство дошол во Скопје каде во текот на 11 месеци развива интензивна дејност за да се помогне на обновата на Македонија.
Во 1949 година се вратил во Австралија и трајно се населил во Сиднеј каде подоцна основал македонска црква. Продолжил со работата во корист на македонската заедница во Австралија, па во 1993 година го формирал Егејското македонско здружение на Австралија.
Во 2013 година, престижната награда за животно дело на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) му беше доделена на Мик Велоски како признание за неговата значајна улога во напредувањето на македонската кауза.