Васка од Куманово во солзи: Само сметка за струја ми е 5300, а социјалното 4800 и кажете ми како да преживеам

  • By klaster1
  • јуни 16, 2021
  • 0
  • 3335 Прегледи

Васка Маринковиќ од Куманово е сопруга и мајка порано била силна и карпа да помести но денес се бори со многу бо лести а живее со минимална социјална помош. Животот не ја мазел и бил суров кон нејзе.

– Беше сиромашно детство, не сепак беше убаво, не се жалам толку, ние сме 5 деца, четири сестри и едно братче, мајка ни не исчува самата, бидејќи татко ми беше зад решетки 20 години.

– Бидејќи мајка ми не ме пуштатше да се оженам јас морав да избегам и дојдов кај првиот сопруг кој сега е по чинат, сум работела сегде, сум копала дури и во соседна Србија, не застанував, но сега…

– Мислев дека ќе ми е подобро со сопругот, но многу тешко, навистина тешко, од тој брак имам една ќерка, вели оваа 57- годишна жена- бор ец која својата приказна ја раскажува за ,,Срце на Дланка,,

– Ќерката се спаси колку толку од оваа сиромаштија и се омажи туѓина, срце ме боли кога ќе помислам, неможам ниту да ја видам, мене ме навјасаа бо лестите.

– Колку толку со помош на еден роднина и спремивме свадба, го одредивме редот, да не се двоиме дадов се од себе, сега таа е таму се надевам и е подобро.

Како што веку тетка Васка цел живот го поминала во сиромаштии а со социјална помош од 4800 денари стигаат едвај за јадење, но каде се сметките, и други работи без кој животот неможе да се замисли.

– Со вториот сопруг сум веќе 7 години и фала му на Бога добро се спогодуваме, тој ме слуша и јас него, си помагаме, дури и не дава тој јас да работам многу. Но и тој нема стабилна работа, работи приватно во Србија е тој.

– Социјалната помош ми е 4800 денари, сметката за струја ми е 5300 бидејќи се грееме на греалка, за дрва нема пари, перам со сјај, и кажете ми како да опстанеме.

– Овој дом каде што престојувам ми го додели министерството бидејќи увидоа на кое ниво сум спадната. Спиев на улици, под едно големо дрво спиев одреден период а потоа дојдов овде. Беа само голи подови, колку можев средував полека.

– Дијагностициран ми е ту мор на мозокот, опе рирана сум, одев на терапии, потоа имам и епи лепсија, имам проблем и со нозите, навистна неможам ниту да ги платам терапиите во болницата.

– Преку глава ми е дојдено од се, верувајте, навистина неможам, крај со крај да се состави, се ма чам цел живот, најголема желба ми е да сум си покрај ќерката и внуци да си чувам, а секако првенствено да сум жива и здрава.