Васка, вработена во пекара: Откако си дојдоа странците не можеме да и наваксаме на едно нешто, вака никогаш не било до сега

  • By admin
  • јули 28, 2022
  • 0
  • 449 Views

Јули и авгус се традиционално месеците во годината кога најголем дел од нашите иселеници ги користат годишните одмори и си доаѓаат во родните места.

Деновиве ширум селата и градовите во Македонија сведоци сме на зголемен број на возила со странски регистарски ознаки, а и гужвите по локалите и продавниците се показател дека нашите иселеници се тука.

Германски, австриски, италијански, словенечки, британски, холандски, белигиски и други таблички станаа секојдневние по нашите улици.

Секако со доаѓање на нашите иселеници во Македонија голем бенефити ќе има нашата економија, односно што се вели популарно ќе влезат евра.

До нашата редакција пристигна еден интересен коментар од Весна С. која е вработена во пекара, а која реши да го сподели своето искуство од деновиве.

„Јас сум вработена во пекара во град од источна Македонија и оваа работа ја работам повеќе од една деценија. Не можам да се пожалам, добро ми е и платата е солидна.

Иако продуктите поскапеа значајно поради инфлацијата сепак продажбата воопшто не опадна и они верни муштерии и понатаму се продолжија да си пазарат.

Но она поради кое што сакав да ви се обратам вас и вашите читатели е моментов што се случи пред околу една седмица и се уште е актуелн.

Имено не паметам ваква побарувачка на бурек, да добро прочитавте. Во последните денови бурекот оди како „алва“, едноставно се чека за него.

Забележувам дека тоа пред се се луѓе од дијаспората на кои очигледно им недостигал вкусот на нашиот македонски традиционален бурек.

И тоа купуваат на големо, по едно плехче, по две плехчиња што е по четири или осум четвртини. Без разлика дали е со месо, пица или сирење бурекот се троши.

Од ден на ден постојано ги зголемуваме количините на бурек но едноставно не може да се постигне. Го продаваме бурекот до пладне, за да веќе во текот на денот подготвуваме нов кој уште во раните ноќни часови се троши.

Пријатно сум изне надена од побарувачката на бурек, едноставно вака никогаш порано не било и не се случило да има таква побарувачка.

Автор: С.И. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.